1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Алжир ослободени 639 заложници

Поголемиот број од вработените во гасната централа во Алжир кои беа земени како заложници се ослободени, но останува непозната судбината на уште 60 странци

Алжирската новинска агенција јави дека биле ослободени вкупно 693 луѓе кои беа држени како заложници од страна на радикални исламисти по нападот врз гасната станица во источен Алжир. Меѓу ослободените се 66 странци, но судбината на уште 60 лица со странско потекло кои беа држени како заложници останува непозната.

„Речиси 650 заложници, вклучително и повеќе од половината од 132 странски државјани се ослободени“, јавува агенцијата повикувајќи се на безбедносен извор.

Истиот извор вели дека точниот биланс се уште не е познат бидејќи дел од странците вработени во централата можеби побарале засолниште во различни делови од огромниот комплекс.

Специјалните алжирски безбедносни сили вчера упаднаа во комплексот кој се наоѓа на околу 1.300 километри од главниот град Алжир, во близина на либиската граница.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите со киднаперите кои се уште држат непознат број луѓе како заложници.

Според новинска агенција од Мавританија која одржува постојан контакт со исламските радикали поврзани со Ал Каеда, киднаперите понудиле да разменат двајца американски заложници за две лица кои издржуваат затворска казна во САД поради тероризам.

Еден од нив, Омар Абдел Рахман е организатор на бомбашкиот напад врз Светскиот трговски центар од 1993 година.