1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во автобуска несреќа во Швајцарија загинаа 22 деца

Дваесет и осум лица загинаа во сериозна автобуска несреќа што вчеравечер (13.03.) се случи во швајцарскиот кантон Валис. До несреќата дошло кога белгиски автобус удрил во ѕид од тунел.

Меѓу починатите 22 се деца, а 24 други деца се повредени. Хоспитализираните ученици имаат сериозни повреди, информираше портпаролот на полицијата во кантонот Валис Жан-Мари Борне. Не е познато зошто возачот на автобусот изгубил контрола над возилото.

Автобусот, во кој имало 52 лица, околу 21 часот по локално време удрил во тунел во Сиере, во близина на популарните скијачки области на Швајцарските Алпи. Повредените се пренесувале со хеликоптер и болнички возила. Повредените и настраданите се од два белгиски града – Ломл и Еверле.

Портпаролот на белгиската влада рече дека е формиран кризен центар и отворен е број на кој фамилиите можат да добијат повеќе информации за несреќата. Дидие Рејндерс, белгискиот министер за надворешни работи, рече дека властите се’ уште се обидуваат да ги идентификуваат сите жртви.

„Несфатливо е. Биле три автобуси и само еден направил несреќа, без притоа да има каков и да е контакт со друго возило. Удрил во ѕид од тунелот“, рече министерот Рејндерс.

Автор: Александар Методијев /БГ/дв/ап

Редактор: Симе Недевски