1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Во Австрија стара коалиција со нови лица

Ново издание на досегашната политичка констелација во Австрија-два месеца по парламентарните избори постигнат е договор и во иднина земјата да ја води голема коалиција од социјалдемократите и австриската Народна партија.

default

Новиот канцелар на Австрија, Вернер Фејман

Двете партии од новата владина коалиција го наведоа сузбивањето на економската криза како првенствена цел. Владата ќе се ангажира „по можност од сите страни за поттикнување на стопанството и вработувањето“, истакна претседателот на австриските социјалдемократи и иден шеф на владата Вернер Фајман. „Разликата во однос на претходната влада ќе биде во тимскиот дух, добрата соработка, интензивната работа за нашата земја, со оглед на состојбата на финансиските пазари и економските проблеми да остане поштедена од последици како на пример голема невработеност“, изјави идниот канцелар Фајман.

Österreich Wahlen Werner Faymann SPÖ

Ќе ги поправи ли грешките на претходникот? Наследникот на Гузенбауер, Вернер Фејман

Шефот на Австриската народна партија Јозеф Прел, кој ќе биде вицеканцелар, зборуваше за најважните конкретни планови на идната влада: „Мерките и една од најголемите даночни реформи со обем од 2,2 милијарди евра се сигнал за јакнење на куповната моќ. Даночната реформа ќе биде приоритетно извршена и со тоа семејствата ќе ги добијат решавачките пари.“

Пласник се откажа од функцијата

По сломот на претходната голема коалиција поради изјаснувањето на социјалдемократите за референдум во однос на најважните прашања од европската политика, во Австрија се одржаа предвремени избори на 28-ми септември.

EU Außen- und Verteidigungsminister in Brüssel Solana und Ursula Plassnik

Го отстапи местото на шеф на дипломатијата: Урсула Пласник, на фотографијата со Хавиер Солана

Обете големи партии претрпеа загуби, но сепак ги задржаа водечките позиции - социјалдемократите освоија 29, а Народната партија 26 насто од гласовите. Денеска треба да бидат објавени имињата на членовите на новата влада, но досегашниот министер за надворешни работи Урсула Пласник од Народната партија најави дека поради несогласувања околу европската политика на социјалдемократите нема да биде член на новиот кабинет.