1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Во Австралија запленета рекордна количина дрога

Австралиската полиција заплени половина тон наркотици, кристали на метамфетамин и хероин, вредни 525 милиони долари, скриени во бродски товар на пристаништето во Сиднеј. Уапсени се сдум лица.

Дрогата била скриена во 3.200 саксии кои со брод, од засега непозната држава, пристигнале на пристаништето во Сиднеј. Станува збор за рекордна заплена на метамфетамин во историјата на Австралија, а трета количина заплена на хероин што е резултат на едногодишна долга полициска истрага, покрената на дојава на американската служба, задолжена за борба против трговијата со дрога.

Полицијата вчера уапси седум лица откако откри 306 килограми метамфетамин, познат како „ајс“, (ice) и 252 килограми хероин.

Меѓу уапсените се тројца австралиски државјани, а останатите четворица се од Хонгконг. Уапсените кои се стари, од 29 до 61 година, се обвинети за увоз на нелегални дроги и стекнување на финансиска корист од нејзината продажба. Овие обвиненија повлекуваат максимална казна, доживотен затвор.