1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Војската попушта, демонстрантите не

По повеќедневни масовни протести Воениот совет на Египет усвои временски план за предавање на власта. Демонстрантите на плоштадот Тахрир ја отфрлија понудата на Советот за забрзано предавање на цивилната власт.

default

Протестите во Египет продолжуваат

Илјадници демонстранти и натаму го изразуваат своето негодување против Врховниот воен совет на плоштадот Тахрир во Каиро. Ним не им се доволни ветувањата на Врховниот воен совет, кои преку телевизиско обраќање вчера ги објави раководителот со советот Мохамед Хусеин Тантави. Калед Абдула еден од активистите на демократското движење.

„ Од плоштадот веднаш дојде одговорот, ист онаков како кога на 10 февруари Мубарак не сакаше да поденсе оставка: исчезнете, исчезнете, исчезнете, народот сака веднаш да ја предадете власта. Тие не го сакаат Тантави, не го сакаат Воениот совет. Иднината лежи кај илјадниците луѓе на улица. Тој најави дека би бил подготвен да ја предаде власта. Ако тоа е така треба да го стори сега, пред да бидат убиени уште повеќе луѓе. Вака не може понатаму, тие мора да си одат, тие немаат авторитет да владеат и ќе успееме во тоа, нема да си заминеме додека тие не си заминат.“

Ägypten Wahl Wahlen 2011 Feldmarschall Hussein Tantawi

Мохамед Хусен Тантави

Војската нема политички амбиции?

Тантави во телевизиското обраќање соопшти дека Воениот совет има намера да ја предаде власта најдоцна во јули 2012 по претседателските избори. Парламентарните избори, според планираното ќе почнат идниот понеделник. Владата на премиерот Есам Шараф и натаму треба да ја извршува должноста, се’ додека не биде формирана преодна влада. Војската не сака да преземе никаква политичка одговорност за иднината на земјата, подвлече Тантави:

„ Никогаш самите не донесовме политички одлуки. Секогаш го слушавме мислењето на политичките и национални сили и мислењето на револуционерите и баравме консензус. Од првиот ден има политички план од наша страна, кој предивидуваше предавање на владата на цивилна влада избрана на слободни и демократски избори.“

Protesters gather in Tahrir Square in Cairo, Egypt, Monday, Nov. 21, 2011. Security forces fired tear gas and clashed Monday with several thousand protesters in Cairo's Tahrir Square in the third straight day of violence that has killed dozens of people and has turned into the most sustained challenge yet to the rule of Egypt's military.(Foto:Khalil Hamra/AP/dapd)

Демонстрациите на плоштадот Тахрир продолжија и во текот на ноќта

Тантави: Некој сака да ја уништи целата нација

Тантави ја пофали дисциплината на армијата. Војниците никогаш не реагираа агресивно, дури и кога биле нападнати и навредувани. Воениот совет нема интерес да го одолговлекува демократскиот процес во земјата, како што му префрлуваат критичарите, изјави Тантави.

„ Префрлувањата против Воениот совет имаат само цел да ги ослабнат нашите сили и нашата одлучност. Тие само сакаат да ја уништат големата доверба меѓу народот и војската, изградена со години. Тие дури сакат да ја уништат целата египетска нација.“

И по телевизиското обраќање на Тантави, силите за безбедност во Каиро, во близина на министерството за внатрешни работи и во Александрија употрбија солзавец против демонстрантите.

Автор: Ханс Михаел Ел/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM