1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Војникот Хенри Лукач од Цвајбрикен

За неговата мисија во Авганистан доби орден за храброст. Наредник Хенри Лукач кој е падобранец, останува кул што и да се случува, дури и кога скока од неколку илјади метри височина.

default

Хенри Лукач скокнал од авион веќе 370 пати. Падобранецот зад себе има дури и скокови на височина од 10 километри. Наредникот ги нарекува само „компликувани“. Во стварност овие скокови се многу напорни. Имено, температурите на тие височини опаѓаат до минус 60 степени, а некогаш мора да се носи и товар тежок над 60 килограми, кој вистински се чувствува кога падобранецот ќе се спушти на земјата. „Мора да има некој да помага при станувањето на земјата“. Но, кога авионот ја отвора задната рампа, кога се погледнува во вртоглавата височина и сепак се скока, тежината бргу се заборава.

Изгубил двајца пријатели во Авганистан

Хенри Лукач е еден од четирите германски војници, на кои сојузната канцеларка Меркел во јули 2009 година, по првпат им го доделила новиот „Орден за храброст“. 28-годишниот војник го добил одликувањето за една

Gesichter Deutschlands Porträt HeLuP2

„Благодарен сум што можам да го правам она што не го прави секој“, вели Хенри

операција во октомври 2008 година во Авганистан. „На 20.10. учествувавме во поголема операција. За време на операцијата беше извршен самоубиствен напад врз еден германски контролен пункт. Побрзавме да помогнеме и се погриживме за извлекувањето и спасувањето.“

И по многу минати месеци, Хенри Лукач се замислува кога ќе помисли на овој трагичен настан: „Авганистан ме асоцира само на тага и страдање. Таму изгубив двајца добри пријатели“. Затоа си посакува поголема поддршка или барем разбирање од страна на германската јавност за мисијата на Хиндукуш. Сепак, присуството на германските трупи е за добра цел, аргументира тој и укажува на помошта за обнова. За жал, медиумите известуваат за Авганистан дури кога таму ќе бидат нападнати и убиени германски војници, критикува Хенри.

Помош за младите војници

Наредникот Лукач себеси се оценува како мултипликатор.

Gesichter Deutschlands Porträt HeLuP6

Задача на Хенри Лукач е искуството кое го собрал насекаде низ светот да го пренесе на млади војници

Имено, неговата задача е искуството кое го собрал насекаде низ светот да го пренесе на млади војници и да ги подготви за опасни акции. Тој е компетентен за таа задача. На ѕидовите во неговата мала соба се закачени повеќе одликувања, отколку фотографии од одмор. Тој речиси секоја недела патува низ Германија или во странство. Дали како падобранец во дивизијата за специјални операции, се смета себеси за елитен војник?

Лукач одлучно вели: „Тоа го дефинираат други. Секако, поради интензивната обука се издвојуваме од останатите рупи. Но, јас сум пред се‘ благодарен што можам да го правам она што не го прави секој.“

Неразделна трупа

Секако и наредникот се соочува со здодевното секојдневие на рутината на Бундесверот. Кога не е на пат, Хенри Лукач во текот на неделата живее во касарната со неговите другари од падобранскиот баталјон во

Gesichter Deutschlands Fragebogen HeLuF2

Хенри е навивач на ФК Келн

Цвајбрикен. Додека обичните војници обично живеат по тројца во соба, како подофицер тој секогаш има сопствена, мала соба. За жал моментално му е расипан телевизорот. Затоа тој има повеќе време за другарите: „Ние сме неразделни. Толку добра работна атмосфера ретко се наоѓа“. Оваа трупа речиси и не би можела да функционира без ваквата основа на обострано разбирање и доверба. Зашто војниците не само што мора да бидат сложни на тесен простор, туку мора можат да се потпрат еден на друг во опасни операции.

Пријателката се‘ му удоволува

На викенд конечно доаѓа време за приватниот живот. Тогаш Хенри патува во Келн. Тој е роден во Јена, но во меѓувреме Келн стана негов дом. Девојката на мајсторот за покриви Хенри Лукач буквално „му паднала пред нозе“. Таа во слободното време, исто така, скока со падобранец. Хенри прави видео-снимки од нејзините скокови. Двајцата планираат семејство и деца. Хенри тоа го дефинира како „фиока прва и втора“. Но, неговата пријателка прво мора да ги заврши правните студии. Кога ќе му заврши службата во Бундесверот, Хенри би сакал да се исели, на пример во Куба. Двајцата таму го поминале нивниот најубав одмор досега. „Јас сум страствен пушач на пури. Можам да се опуштам и да размислувам кога пушам кубанска пура. Тоа е за мене задоволство.“

Автор: Михаил Бушуев / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови