1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Војна на бандите во Германија

Се викаат „Хелс Ејнџелс“, „Бандидос“ или „Аутлоус“ и не се безопасни клубови на моторциклисти. Криминалните активности на рокерските банди се „тежок залак“ за германската полиција.

Корупција, телесни повреди, дрога, трговија со луѓе и оружје, па дури и убиства - сето тоа се деликти за кои одговарале членови на рокерски банди. Во најголемата германска покраина, Северна Рајна Вестфалија, во моментов се води истрага за десетина кривични дела. Рокерските групи ширум Германија бројат околу 6000 членови. Особено впечатливи се „Хелс Ејнџелс“.

Тие на своите јакни имаат зашиени мртовечки глави. Нивните моторцикли се симбол на слободата што тие едноставно си ја присвојуваат. Рокерите се

Mitglieder der Rockergruppe Bandidos

исклучително многу подготвени на насилство, особено во борбата против останатите групи рокери, велат во покраинските криминалистички полиции. Моќта што е поделена по региони, рокерите ја бранат со сите средства. Поради борбите на „Хелс Ејнџелс“ против „Бандидос“ неодамна во Келн ангажирани беа стотици полицајци за да се спречи најлошото.

Во Рурската област пред неколку дена беше пронајден мртов покрај неговиот моторцикл 49-годишен член на „Бандидос“-ите. Истрагата ја води обвинителството во Есен. Убиства на рокери во Минстер имаше во 2007-ма, а во Дуизбург во 2009-та година. „Бандидос“ се „владејачки“ клуб ов Рурската област. „Хелс Енјџелс“ сакаат да им го оспорат тоа. Станува збор за финансиски интереси при зделки со дрога и управување со бордели.

Рокерите се во конфликт и во северна Германија. Таму „Хелс Енјнџелс“ имаат поголема моќ. Еден 47-годишен Турчин дошол во конфликт со нив поради бизнис со дрога. Тој е исчезнат од пред две години. Полицијата со денови пребарува еден магацин во близина на Кил. Се вади дел по дел од фундаментот на објектот, поради тоа што полицијата се сомнева дека „Хелс Ејнџелс“ таму го забетонирале Турчинот. Потрагата се‘ уште трае.

Flash-Galerie Hells Angels Razzia

Рокерите се исклучително многу подготвени на насилство, особено во борбата против останатите групи рокери, велат во покраинските криминалистички полиции

Истрагите против рокерските банди се тешки

Полицијата се обидува да се бори против рокерските банди со големи рации. Оваа недела околу 1200 полицајци пребаруваа бордели, кафеани и станови во Кил, Хановер и Хамбург, за да најдат докази за извршени кривични дела. Берлинските полицајци беа вџашени од фактот дека пред рацијата сите докази за кои претпоставуваа дека ќе ги најдат, биле отстранети, а осомничените членови на „Хелс Ејнџелс“ дури, наместо своите јакни со мртовечки глави, носеле бели маици. Тие навреме добиле информација за планираната рација, а таа можела да стигне само од некој симпатизер од редовите на полицијата. Берлинскиот сенатор за внатрешни работи Франк Хенкел е огорчен.

Razzia Hell's Angels Schleswig-Holstein

Рациите на полицијата се редовни, резултатите од нив не скеогаш се задоволителни

Тука всушност се отвора главниот проблем - членови на рокерски банди се главно мажи на возраст меѓу 40 и 50 години, не ретко со добро образование и „нормална“ професија. Делумно живеат дури и во куќички со градини, сосема незабележливо. Рокерите се добро поврзани и, колку тоа и да звучи лудо, имаат строг кодекс на честа, кој самите го имаат договрено. „Поради тоа не добиваме изјави“, вели Франк Шлајден од Покрианската криминалистичка служба во Северна Рајна Вестфалија. „Не се случува член на банда да ги предаде другите. Групите се сосема затворени и ги решаваат работите сами, меѓу себе.“ Има уште нешто што ги отежнува истрагите. Според германските закони не е доволно да се докаже само дека одделни членови на рокерски банди извршиле кривично дело. „Мора да докажеме дека кривичните дела се типични за цела група“, го објаснува Шлајден предусловот за забрана на рокерско здружение.

Во Северна Рајна Вестфалија беа собрани докази и на почетокот на април беа забранети два клуба на „Хелс Ејнџелс“ во Келн. Притоа беше запленет и имотот на „Hells Angels MC Cologne“ и „Red Devils MC Cologne“. „Кога не можат веќе да се носат симболи на моќ, како јакните, се чини скршена е и моќта на групата“, велат луѓе од истрагата во северна Германија, откако беа забранети едно здружение во Кил и едно во Нојминстер. Берлинскиот сенатор за внатрешни работи Франк Хенкел се залага за општа забрана на рокерските групи. Тој во главниот град веќе ја забрани највлијателната рокерска група. И по најновата неуспешна рација во Берлин Хенкел е убеден: „Тоа е вистински чекор во вистинска насока за посилно да му се застане на патот на организираниот криминал во Германија.“