1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Војна и по војната

Денеска (01.08.) стапува на сила Конвенцијата на ОН за забрана на касетните бомби. Тие се сметаат за особено подмолни, бидејќи долго време остануваат неоткриени, се додека на нив не налета некое дете или земјоделец.

default

Повеќе од сто држави ја имаат потпишано Конвенцијата за забрана на касетните бомби, а скоро четириесет од нив ја ратификувале, меѓу нив и Германија. Така, од потпишувањето на конвенцијата во Осло, до нејзиното стапување на сила поминаа само дваесет месеци, што особено го радува Паул Фермојлен, директор на организацијата „Хендикеп интернешнл“:

„По забраната на противпешадиските мини, ова е вторпат меѓународната заедница силно да се заложи за забраната на уште едно оружје, што се употребуваше во голем стил“, истакнува Фермојлен.

Жртвите неретко се деца

Symbolbild Streubomben

Касетните бомби паѓаат врз површина поголема од неколку фудбалски игралишта

Со новата конвенција, земјите ја забрануваат примената, развојот, производството, складирањето и ширењето на касетни бомби. Во воени услови тие се испуштаат од авиони и по нивното паѓање на земјата се распространуваат на површина, голема колку неколку фудбалски игралишта. Тие досега биле применувани во дваесет земји, а особено погоден е Лаос. За време да Виетнамската војна таму беа фрлени повеќе од четиристотини илјади касетни бомби.

Она што ги прави особено подмолни е фактот што тие најчесто не експлодираат веднаш. Наместо тоа, висат по дрвјата или, пак, децата ги собираат мислејќи дека се играчки. Според проценките на „Хендикеп интернешнл“, скоро 98 проценти од лицата кои гинат од касетни бомби се, всушност, цивили. Со Конвенцијата земјите-потписнички се обврзуваат и на жртвите да им укажат медицинска и психолошка помош.

Конвенцијата, исто така, предвидува земјите во рок од осум години да ги уништат своите резерви од касетна муниција. Шпанија и Австрија веќе го исполнија овој дел од обврските, Германија, пак, планира до 2015 година да нема ниту една касетна бомба во земјата.

Големите сили не можат вечно да бегаат од одговорноста

Verwundetes Kind wird nach einem Luftangriff auf Beirut behandelt

Децата многу често страдаат од касетните бомби, собирајќи ги како играчки

Во секој случај, големите воени сили, како САД, Русија и Кина, не го потпишаа Договорот од Осло, исто како што претходно не го ставија својот потпис ниту на конвенцијата за забрана на противпешадиските мини. Сепак, Паул Фермојлен од „Хендикеп интернешнл“ смета дека големите сили нема да можат да ја заобиколат меѓународната забрана на овие бомби:

„Конвенција како оваа, стигматизира цел еден вид оружје и затоа е особено силна. Може да се види како сите земји го менуваат своето однесување. Американците веќе најавија дека и тие ќе ги уништат сите резерви на касетни бомби, иако не ја потпишаа конвенцијата од Осло“, вели Фермојлен.

Сепак, дури и по стапувањето на сила на забраната за ова подмолно оружје, ќе поминат децении додека Земјата се исчисти и од последната неексплодирана касетна бомба.

Автор: Паскал Лехлер / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM