1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Војната завршува кога веќе не боли...

Благодарејќи на Хашкиот трибунал, силувањето конечно почна да се квалификува во меѓународното кривично право како воено злосторство, што малку и‘ е познато на јавноста.

„Ми ја погази честа, веќе никогаш не можам да си дојдам на себе, да бидам жена каква што бев“, изјави пред Хашкиот трибунал во 1997 година сведокот Гроздана Ќеќез во врска со предметот „Муциќ и други“.

„Откако заврши со силувањето, седна и запали цигара“, раскажа заштитениот сведок во предметот „Кунарац и други“ во 2000-та година.

Но, како што истакнува Јања Беч, истражувач на геноцидот, гласот на жртвите не се слушаше: „Овде малку се зборува за тоа. За тоа се молчи“.

Негирање и ревизионизам

Одделението на Хашкиот трибунал за односи со јавноста поради тоа го сними документарниот филм „Крај на неказнивоста: сексуланото насилство пред Трибуналот“. Нерма Јелaчиќ, портпарол на Судот, објаснува зошто е снимен овој филм од чиј почеток одделуваме неколку цитати:

„Колку повеќе факти утврдувавме, толку беа посилни гласовите на негирање и ревизија. Уште постојат такви кои ги негираат дека злосторствата на систематско силување и сексуално насилство никогаш не се случиле. Дека не се случила Фоча, Караманова куќа, дека Омарска е лага ит.н.“

Nerma Jelacic

Нерма Јелачиќ

Храбри жртви

Но, останува фактот дека токму благодарејќи на Хашкиот трибунал силувањето во меѓународното хуманитарно право конечно почна да се квалификува како воено злосторство:

„Тоа е едно од историските достигнувања на Трибуналот. Порано никој не одговарал за ваков вид злосторства, иако можеби на некој начин е најгнасен. Зашто, жртвите кои преживеале силување чувствуваат како да вкусиле смрт, но продолжиле да живеат со она што се случило“.

Борецот за човекови права, професорката на Новосадскиот универзитет Свенка Савиќ истакнува дека таквиот преседан во меѓународното кривично право немаше да биде можен без храбрите жени-сведоци:

„Сетоа тоа во Трибуналот немаше да биде можно без храбрите жени. Тие всушност се клучни во оваа промена. Мене тоа ме фасцинираше: како успеаја да излезат од својата мака, не само поради своите приказни, туку заради идните жени. Тие успеаја својата болка, која е крупна емоција, да ја префрлат на друг вид емоција, во емоција на надеж. Мислам дека тоа е фасцинантно“.

Соочување со траумите

BdT Protest vor dem UN Büro von muslimische Frauen in Sarajevo

Босанските муслиманси жени на протест пред бирото на ОН во Сараево

Јања Беч потсетува дека жените во судницата имаа прилика да се соочат со своите напаѓачи, да ги погледнат в очи:

„Самите жени да зборуваат, да го возвратат ударот од позиција на жртва, е толку важно, зашто само на тој начин и можеше да се случи силувањето да биде прогласено за воено злосторство“.

Според нејзини зборови, суштината е регионот конечно да мора да се соочи со сопствените трауми:

„Можеби да се ослободиме од тоа страдање, директно или индиректно, да имаме лузна, но тоа веќе да не боли. Војната завршува кога веќе не боли...“