Прогласени најдобрите во 2011
25 декември 2011Војдан Стојановски, годината ја започна со одличните партии во дресот на Фени индустри, ја освои шампионската титула и пехарот во БИБЛ конкуренцијата, продолжи како дел од репрезентацијата во историскиот резултат на ЕП, а годината ја финишира со одличните партии во дресот украинскиот тим Черкаски Мавпи.
Војдан, во Литванија, во дресот на репрезентацијата во просек постигнуваше
7,7 поени по натпревар, а имаше уште 3,7 скока и 1,7 украдени топки.
Во вториот дел од сезоната, во украинскиот Черкаски Мавпи, Војдан има уште
подобра статистика - со 14,8 поени по натпревар тој втор стрелец на тимот,
зад своето име уште запишува 4,5 скока и 2,6 асистенции.
Признание и за Бо Мекејлеб
Елена Раденковиќ е најдобра во женска конкуренција. Таа во минатата сезона
го предводеше тимот на Вигор до освојувањето на шампионската титула.
Сосема очекувано, селекторот на кошаркарите Марин Докузовски е најдобар
тренер во машка конкуренција, признанието за тренер на годината во женска
конкуренција го доби Перо Стамески.
Новиот миленик на македонската публика, Лестер Бо Мекејлеб, ја доби
наградата за најдобар македонски кошаркар во странство.
Автор:СН/ЕМФ /макфакс
Редактор: Е. М. Фиданоска