1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Војводина е регион со иднина

Војводина е регион чии заштитни знаци се невработеноста и сиромаштијата. Сега покраинските власти имаат намера со план за регионален развој да и‘ дадат поттик на економијата и да создадат повеќе работни места

default

Германската фирма „Флендер“ произведува генератори во Суботица

Во Војводина секоја недела порти отвора нова фабрика. Голем е редот пред се‘ на лиферанти на делови за авто-индустријата. Меѓу нив е и германската фирма Бауерхин, која произведува делови за марката Ауди, од кои подоцна се произведуваат грејачи за седишта. Со инвеститорите дојдоа и нови работни места. Еден работник заработува просечно 250 евра нето.

„Со работата овде дојдов конечно до стабилен приход. Претходно имав само привремена работа, на пример шиев кожни јакни. Со новата работа не се бележи голем скок, но барем имам работа“, вели Зорица Ловаш, вработена во фабриката.


Ниските плати се најважната причина за инвестиции, нагласува шефот на фабриката, Небојша Драгичевиќ, но само тоа не им е доволно на странските фирми: „Од Минхен не сме оддалечени ни илјада километри. Војводина, воопшто, има многу поволна местоположба за автомобилските концерни во Европа. Важно за доаѓањето беше и тоа што српската држава презеде голем дел од инвестиционите трошоци. Во нашиот случај тие изнесуваат 2 500 евра по работно место.“

Во регионот и натаму има многу предрасуди

Постоењето предрасуди на поттикнувачите на економијата, им е и тоа како познато. Војните од минатите години и силните националистички сили ја отежнуваат работата.

„Однадвор погледнато, се‘ изгледа како да владее несигурност и постои впечаток на негативен имиџ. Но, мислам дека со неколку позитивни пораки, кои одовде се испратени, ќе бидеме во состојба да ја промениме ваквата слика.“

Кон позитивните пораки треба да придонесе и англиската фирма Албон. Од 2006 година претпријатието гради машини за автоиндустријата, меѓу другите и за Форд. Тука е потребна прецизност и ноу-хау: „За нашето производство потребни ни‘ се многу добро обучени стручњаци и токму такви наоѓаме во Србија. Затоа дојдовме овде.“

Војводина би можела да прерасне во значаен регион за автомобилската индустрија. Порастот и благосостојбата би можеле да помогнат за намалување на политичките тензии.