1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вооружени лица го презедоа аеродромот во Крим

Состојбата на украинскиот полуостров Крим се усложнува. Утрово непознати лица во воени униформи ја презедоа контролата врз аеродромот, откако вчера беа окупирани зградите на парламентот и владата.

Група вооружени лица во воени униформи без никакви ознаки изминатата ноќ го зазедоа меѓународниот аеродром во кримскиот главен град Симферопољ. Според информациите, вооружени лица ја презеле контролата и врз уште еден, воен аеродром на полуостровот. Тие одбиваат да се претстават и да комуницираат со медиумите.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, тврди дека руски воени сили ја презеле контролата врз двата аеродроми во Крим. Ваквиот чин, тој го оцени како „вооружена инвазија и окупација“. Министерот соопшти дека при преземањето на аеродромите немало судири.

„Ова што се случи го сметам за воена инвазија и окупација која е прекршување на сите меѓународни договори и правил“, порача Аваков.

Кој ги контролира аеродромите

Останува нејасно што точно се случува на аеродромите. На меѓународниот

Flughafen Simferopol Krim nach einer angeblichen Besetzung im normalen Betrieb

Непознати вооружени лица патролираат пред аеродромот во Симферопољ

цивилен аеродром во Симферопољ сообраќајот во меѓувреме се одвива нормално, иако вооружени лица сѐ уште патролираат пред зградата.

Официјален претставник на аеродромот соопшти дека поголемиот дел од вооружените лица го напуштиле аеродромот.

„Тие мислеа дека тука слетал украински десантен авион, но кога видоа и се уверија дека нема нешто такво, се извинија и си заминаа“, изјави аеродромскиот претставник за руските медиуми. Пред аеродромот се наоѓаат и проруски цивили кои тврдат дека дошле за да спречат пристигнување на „фашисти или радикали од западна Украина“.

Во четвртокот, лица вооружени со автоматско оружје и ракетни фрлачи ги окупираа зградите на владата и парламентот во Симферопољ. Развојот на настаните ги разгоре тензиите меѓу Киев и Москва. Руските власти претходно му одобрија прибежиште и заштита на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Тој за денеска најави прес-конференција на југот на Русија, во близина на границата со Украина, откако вчера преку соопштение ја извести јавноста дека сѐ уште се смета себеси за легитимен претседател на државата.

Путин сака продолжување на разговорите

Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа изјави дека добил гаранции од руските власти дека ќе го почитуваат територијалниот интегритет на Украина и дека најавените воени вежби во близина на нејзината граница не се вовед во воена интервенција.

Ukraine Parlament Übergangsregierung Arseni Jazenjuk

Арсениј Јацењук

Во парламентот во Киев вчера беше избрана нова, преодна влада која ќе ја предводи Арсениј Јацењук. Тој најави дека ќе се залага за приближување до ЕУ, но и за пријателски односи со Русија. Јацењук порача и дека нема да дозволи сецесија на Крим, регион во кој мнозинското население го сочинуваат Руси.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин и‘ нареди на владата во Москва да ги продолжи разговорите со Украина околу економските и трговските односи, и да ги консултира меѓународните партнери како ММФ и Г8 околу евентуалната финансиска помош. Директивите на Путин се во директна спротивност со претходните остри изјави кои доаѓаа од руското МНР, а во кои се повикуваа новите власти во Киев да ги разоружаат екстремистите.

Во истовреме, Путин и‘ наредил на владата да го разгледа барањето на припадниците на руската заедница во Крим за хуманитарна помош.