1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Воодушевување во Лондон по одлуката да биде домаќин на Олимпијадата во 2012 година

Веста што вчера напладне одекна од Сигнапур, Лондон ја дочека со овации. На улиците во британскиот главен град - воодушевување.

default

Граѓаните беа среќни поради тоа што по седум години, токму нивниот град ќе биде домаќин на Олимпијадата:

,, Тоа е добра вест за Лондон, добра вест за иднината на сите..“

,, Мислам дека Французите сега ќе ни завидуваат..“

,, Релативно сум задоволен, но се прашувам, колку тоа ќе го чини Лондон?“

Своето воодушевување не го сокри ниту британскиот премиер Тони Блер, кој и самиот беше сведок кога делегатите на олимпискиот комитет во Сингапур го објавија Лондон како домаќин на летните игри во 2012 година.

,,Мислам дека одлуката има смисла, бидејќи, бевме сведоци и во Сингапур на напорите на целиот тим за да се донесе ваквата одлука. Сега имаме голема шанса да го развиваме спортот во нашата земја, да направиме фантастични Олимписки игри и да оставиме наследство за иднината“ рече Блер.

Очигледно задоволен од одлуката беше и Себастијан Кое, шефот на британската кандидатура во Сингапур, кој и самиот е поранешен олимпиец и двапати освојуваше награди во трчање на 1500 метри.

,, Ова е фантастична можност да го направиме она за што отсекогаш сонувавме во британскиот спорт. Сега имаме шанса, наредбните седум години едноставно да го смениме лицето на спортот и да го добиеме она што отсекогаш го сакавме- повеќе млади во спортот. Сега тоа ќе го сториме,, рече Кое.