1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вообичаено млако

Македонскиот спорт зад себе остава вообичаена година, знаејќи дека зимските спортови се далечни за македонското поднебје, а фудбалскиот мондијалски полигон и натаму е недостапен.

default

Каква беше 2010?

Ставајќи ги ископаните спортски вредности на кантар, македонската кошаркарска репрезентација оствари највисока цена - пат на европското првенство. Имаше возбудлив квалификационен од во друштво на Украина, Унгарија, Босна и Херцеговина и Велика Британија. Селекторот Марин Докузовски го потенцира резултатскиот континуитет во кој влезе македонската репрезентација.

„Навистина доста сум задоволен од она што се случуваше оваа година, затоа што навистина имав голем притисок, бидејќи после успешниот настап на нашата репрезентација на ЕП во Полска, нормално беше сите да очекуваат да се повтори тој успех, повторно да се пласираме, и јас сум

Marin Dokuzovski

Марин Докузовски

среќен бидејки Македонија за првпат, двапати во низа се пласира на ЕП. Сметам дека веќе станавме далеку и поискусни и сите репрезентации не‘ гледаат со поголем респект, и веќе Македонија има свое место во европскиот крем.“

Ќе остане ли ракометот и натаму македонската спортска перјаница?

Машката ракометна селекција ја бие битката за место на наредното Европско првенство. Во група со Унгарија, Босна и Херцеговина и Естонија засега е со одлични изгледи за едно од првите две места. Девојките откако победнички го завршија квалификациониот турнир во Грција со 3 победи, во баражот за пат на Мондијалот во Бразил, се соочуваат со Шпанките. Екипа силна, но не и непремостлива, смета Тања Андрејева.

„Јас лично сум задоволна од противникот што го добивме - Шпанија, со оглед на тоа дека во тој шешир беа Романија и Црна Гора. Ќе биде исклучително тешко, но мислам дека со заеднички напори, со добри подготовки и со голема желба ќе успееме да се пласираме после овој двегодишен пост.“

Фудбалот е приказна за себе

Најубавата фудбалска приказна во 2010-та ја испиша Работнички. Кога се избори за место во квалификациите за Лигата на Европа никој и не помислуваше дека ќе стигне до 3-то коло, дури до славниот Ливерпул. Двапати загуби со по 2:0 и во Скопје и на Енфилд Роуд, но останува задоволството поради спектакуларната атмосфера создадена со доѓањето во Македонија на еден од најславните светски клубови.

На истекот од летото Македонската фудбалска репрезентација, амбициозно влезе во квалификациите за европското првенство во 2012. Нов пат, тежок и трнлив со порази од Словачка во Братислава и од Русија во Скопје,

Mazedonien Land und Leute Mazedonischer Fußballer Goran Pandev

Горан Пандев

со победа над слабата Андора и реми рамно на пораз, во Скопје против Ерменија. Следи во март гостување против Република Ирска. Македонскиот фудбал, сепак, имаше свој амбасадор во високото друштво. Горан Пандев! Кога во првиот ден од 2010-та потпиша за Интер и дојде под закрила на харизматичниот Жозе Мурињо, започна неговата фудбалска бајка. Освоен Купот на Италија, потоа Скудетото. На Ноу Камп триумф во Лигата на шампионите против Баерн. Последниот скапоцен камен на круната беше неодамна во Абу Даби на светското клупско првенство. Чудни се понекогаш критериумите на институциите кои прават листи на успешност, на чиј врв во случајов не е Горан Пандев! Според Агенцијата за млади и спорт, признанието спортист на годината во Македонија го доби 30-годишниот кајакар Атанас Николовски. Беше 7-ми во К-1 на светското првенство во Словенија. Еве ги сеќавањата на Николовски врзани за Светското првенство.

„Мислам дека таму за малку ни‘ избега медалот. Во полуфиналето јас бев првопласиран и тоа со околу две и пол секунди предност пред останатите натпреварувачи. Но, кајакот е таков спорт во кој возењето од полуфиналето не се смета, и во финалето се почнува од почеток. Меѓутоа, не је сметам за пропуштена шанса, бидејки следува она што е најважно за нас - Олимписките игри во Лондон.“

На наредната страница:

Магичниот простор меѓу јажињата