1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вонредно собрание на МАНУ за енциклопедијата

Академиците на вонредно собрание на 13.10.2009 ќе решаваат дали претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов и главниот редактор на Македонската енциклопедија, академик Блаже Ристески ќе треба да дадат оставки.

default

„Под притисок на јавноста не можеме да зборуваме за оставки. Сите прашања ќе ги отвориме на состанокот пред сите 48 академици што ќе се одржи идниот вторник“, изјави академик Старделов.

Тој посочи дека досега не поднесол оставка ни пред Претседателството, ниту пак пред другите инстанци на Академијата. Академик Ристески, пак, во куса изјава за медиумите рече дека никогаш не подлегнува на притисоци.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска