1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Вонредна состојба во Калифорнија поради буџетски дефицит

Буџетската криза во најбројната по население американска сојузна држава, Калифорнија, се заострува. Гувернерот Арнолд Шварценегер прогласи вонредна состојба.

default

Арнолд Шварценегер

Во борбата против големиот буџетски дефицит во американската сојузна држава Калифорнија, гувернерот Арнолд Шварценегер прогласи вонредна финансиска состојба. Со тоа може привремено да ги суспендира сите исплати на договорните партнери и на локалните власти. Ова се случува за прв пат по 17 години осмата најголема светска економија, каква што е Калифорнија, американска сојузна држава со најмногубројно население, да посегне по такви драматични срредства. Дефицитот во меѓувреме достигна 26,3 милијарди долари. Буџетот не беше усвоен од парламентиот на Калифорнија, иако рокот измина вчера.

Се‘ повеќе барања за помош од Светската банка

Со оглед на глобалната економска криза, Светската банка во изминатата финансиска година за помош стави на располагање рекордна сума од 58,8 милијарди долари, односно околу 42 милијарди евра. Тоа претставува зголемување од 54 проценти во однос на претходната фискална година, соопшти банката во Вашингтон. Финансиската година завршува на 30 јуни.

„Барањата на најтешко погодените земји од кризата за подршка од Светската банка годинава драстично се зголемија и ние очекуваме така да продолжи до наредната година“ рече Роберт Зелик, претседател на банката. „Се’ уште страдаат милиони луѓе“, на земјите потресени од кризата мора да им се помогне со инфраструктурни проекти и со подобрено социјално згрижување, вели Зелик. Во штотуку изминатата фискална година, Светската банка поддржа 767 проекти. 20,7 милијарди долари се вложени во инфраструктурниот сектор, кој се смета за важна основа за создавање работни места.

Обврзници од ММФ

За прв пат во својата 60-годишна историја, Меѓународниот монетарен фонд даде зелено светло за издавање обврзници. Извршниот совет на оваа мултилатерална организација вчера одобри соодветна рамковна спогодба, соопшти Фондот во Вашингтон. Со тоа, како што образложи директорот на Фондот, Доминик Штраус-Кан, „ќе биде засилена способноста на Фондот брзо да може да им понуди помош на своите членови, секогаш кога таа ќе биде потребна“. Кина веќе сигнализира интерес за набавка на обврзници во износ од 50 милијарди долари, односно околу 35,5 милијарди евра, а Бразил и Русија размислуваат околу набавка на обврзници од по десет милијарди долари. Новиот финансиски инструмент ја демонстрира решеноста на Фондот, фронтално да се зафати со последиците на економската криза, вели Штраус-Кан. Обврзниците гласат на вештачка валута на Фондот, која пак се потпира врз валутна корпа во која се застапени американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта. Обврзниците се издаваат на максимално пет години.

СТО предупредува од трговски ограничувања

Welthandelsorganisation WTO Kalenderblatt

Светската трговска организација - СТО. оцени дека во екот на економската криза владите засилено се насочуваат кон политика на трговски ограничувања. Во изминатите три месеци се забележани повеќе такви појави, вели шефот на СТО Паскал Лами во извештајот упатен до членовите на организацијата. Но, севкупно сепак е спречено вртење кон силни протекционистички мерки. Светската економија е слаба, но прогнозата може бргу да се промени, проценува Лами. Според него, само мало подобрување на побарувачката во светот може да предизвика значителен пораст на трговијата.

Автор: Инса Вреде/ Хенрик Беме/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска