1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Вонредна состојба во ЕУ

Пакетот од вкупно 750 милијарди евра за поддршка на стабилноста на еврото претставува сериозно нарушување на европските договори. Какви последици може тоа да има по натамошниот развој на евро-зоната и целата ЕУ?

default

Германската канцеларка Ангела Меркел зборува отворено за вонредна ситуација и досега невиден потег во рамките на ЕУ. Шведскиот министер за надворешни рабои Андерс Борг дури употреби споредба со животинскиот свет за да ја опише загрозеноста на заедничката валута - еврото.

„На финансиските пазари забележуваме однесување како во стадо. Но, ако подобро погледнеме станува збор за волчја глутница, која ако не ја запреме, ќе ги уништи земјите кои се наоѓаат во должничка криза. Притоа, не игра клучна улога тоа што тие земји самите се виновни за преголемите долгови. Затоа сега ни‘ е потребен напредок на полето на контролата на буџетите и тоа како на долг, така и на кус рок.“

Напуштање на Договорот од Мастрихт

Одговорот што на викендот го најдоа министрите за финансии и шефовите на држави и влади од земјите-членки на евро-зоната е фактичко напуштање на

Portugal EU Vertrag von Lissabon Unterzeichnung

Во Лисабон сите ги ставија потписите врз Договорот

принципите на монетарната унија. Тие потекнуваат од 1992 година и се содржани првпат во Договорот од Мастрихт, а подоцна беа преземени и во Лисабонскиот договор. Досега имено важеше строгото правило дека ниту една членка на ЕУ не може да одговара за долговите на некоја друга земја-членка. Како, сепак, може да се заобиколи ова јасно правило на монетарната унија, објаснува надлежниот евро-комесар Оли Рен: „Станува збор сосема јасно за напад врз евро-зоната, што го загрозува целиот систем. Тоа не е напад врз некоја посебна држава, туку врз стабилноста на евро-зоната и на целата ЕУ. Затоа е оправдано да се примени членот 122, кој се однесува на вонредни настани, надвор од контролата на една земја членка!“

Природна катастрофа од берзански тип

Членот 122 на Договорот од Лисабон всушност се однесува на природни катастрофи и слични ситуации. Но, сега ЕУ го користи за да се справи со финансиската криза. Врз таа основа се издвојуваат 60 милијарди евра од европските каси, што Европската комисија во иднина ќе може да ги дели на презадолжените земји-членки како кусорочен кредит. Поголемиот дел од финансискиот пакет на ЕУ во износ од 440 милијарди евра, пак, се состои од кредити од буџетски средства на членките на ЕУ. За таа цел земјите од евро-зоната заклучија посебен договор надвор од досегашната монетарна унија. „Правната основа за 440 милијарди евра е спогодба меѓу земјите членки“, појаснува евро-комесарот Оли Рен.

Уште поголема нестабилност?

Оваа меѓувладина спогодба се наоѓа надвор од

EU Rettungsschirm Olli Rehn

Надлежниот комесар, Оли Рен

Лисабонскиот договор, со што досегашната основа за функционирањето на ЕУ фактички се изместува. Експертот на германската Комерц-банка, Јерг Кремер оценува дека со овој чекор досегашната монетарна унија се претвора во унија за трансфер на средства, во која посилните земји ќе ги сносат трошоците на долговите на послабите. Со тоа реално гледано само се зголемува нестабилноста на еврото, бидејќи за ваква унија за трансфер треба да има и строги правила за користење на средствата, како и за контрола. Досега во ЕУ националните влади ја имаат исклучителната надлежност за буџетската политика, вклучувајќи ги и долговите. Во тој нов контекст, Германија повторно ја добива улогата на најголем плаќач.

Нова улога на Европската централна банка

Згора на се`, Европската централна банка со новата спогодба ја губи својата независност, бидејќи сега треба да купува државни обврзници од земјите членки. Тоа, пак, ја нарушува стабилноста на цените во ЕУ. Конечно, како еден вид нова банка покрај ЕЦБ се јавува и Европската комисија, која според новата спогодба треба да управува со фондот за спас од 500 милијарди евра, што го создаде ЕУ. Комисијата дури има право самата да позајмува средства. В среда (12.05.10) се очекува Комисијата да поднесе предлози за реформа на монетарната унија, како и на Пактот за финансиска стабилност. Уште истиот ден со предлозите ќе се занимаваат министрите за финансии на вонредна седница.

Автор: Бернд Ригерт / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска