1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вонредна состојба во Грција

*

Според последните податоци, најмалку 54 лица ги загубија животите во пожарите во Грција, но бројот може уште да порасне бидејќи уште десетина лица се водат како исчезнати. Неколку илјади луѓе се евакуирани од најпогодениот полуостров Пелопонез. Таму се‘ уште има активни пожари што се надвор од контрола. Владата во Атина прогласи вонредна состојба и тридневна жалост. Полицијата уапси неколку лица за кои се сомнева дека подметнале дел од пожарите. Веќе пристигна и првата помош од ЕУ. 12 земји испратија канадери и пожарникари.

Летово во Грција се регистрирани над 3000 пожари и веќе е оценето како едно од најкатастрофалните во изминативе неколку децении.