1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вонредна состојба во Грузија

*

Опозицијата во Грузија ги откажа демонстрациите по воведената вонредна состојба во земјата. Како што соопшти нејзиниот портпарол идејата е да се одбегнат натамошни судири со полицијата. Протестите според најавите сепак ќе продолжат по крајот на 15 дневната вонредна состојба. Инаку во центарот на главниот град Тбилиси присутни се бројни полициски за да се спречат можни нови немири. Училиштата и универзитетите до викнедов остануваат затворени. Претседателот Михаел Сакашвили, одлуката за вонредна состојба ја образоложи со фактот што примил информации од тајните служби за можна поддршка од страна на Русија. НАТО и ЕУ го критикуваа потегот на претседателот, за кој сметаат дека е спротивен на евроатланстките вредности. Од Москва се реагира за ситуација на хистерија и провокација.