1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вонредна состојба во Грузија

Грузискиот претседател Михаил Сашакшвили од ноќеска прогласи вонредна состојба во земјата, откако неколкудневните демонстрации во Тбилиси синоќа прераснаа во насилен судир со полицијата.

default

Михаил Сакашвили

„Претседателот прогласи вонредна состојба во Тбилиси и таа одлука во наредните 48 часа ќе му биде доставена на Парламентот“, изјави премиерот Зураб Ногајдел, за медиум близок до владата. Објасни дека е ова одговор на властите поради обидот за државен удар. Такви информации, наводно добиле од тајните служби во земјата. Одлуката за сега треба да трае 15 дена, но грузискиот премиер рече дека вонредната состојба ќе биде укината кога „ситуацијата ќе се нормализира“. Со оваа одлука се забрануваат демонстрации “како и повици на неред и насилно симнување на владата кои се објавуваат во медиумите“, рече грузискиот премиер. Додаде и дека „Веднаш кога ќе се воспостави вообичаениот ред, овие забрани ќе бидат укинати и функционирањето на медиумите ќе биде повторно воспоставено“.

Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Тбилиси синоќа дојде до жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите кои веќе шест дена протестираат барајќи оставка на претседателот Шакашвили. Во акцијата во која полицијата употреби и солзавец се повредени 508 лица, меѓу кои и 24 полицајци, јавуваат агенциите. Властите во Тбилиси ја обвинуваат Москва дека стои зад демонстрациите. Во главниот град на Грузија утрово е мирно,но стотина полицајци го контролираат централниот плоштад во градот пред зградата на Парламентот и други важни локации. Министерството за образование објави дека до викендот, училиштата и Универзитетите ќе бидат затворени. САД ги повика властите во Грузија да пронајдат мирен начин за излез од кризата. Извештаите за стотици повредени се вознемирувачки, изјави владин портпарол во Вашингтон.