1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вонредна состојба во Басра

Ирачкиот премиер Ел Малики вчера воведе вонредна состојба во пристанишниот град Басра. Мерката ќе остане на сила еден месец и треба да помогне да се воспостави ред и мир во градот каде доаѓа до судири меѓу ривализираните милиции. Во Басра минатите недели беа извршени голем број напади и атентати. Градот важи за една од најважните области за претовар за нафта и други стоки.

Од демонстрации во Басра

Од демонстрации во Басра

Ирачката влада прогласи вонредна состојба во градот Басра на југот на земјата. Треба да важи еден месец нагласи премиерот Ел Малики. Веќе со недели во Басра се водат борби меѓу ривализираните шиитски групации, при што животот го загубиле повеќе стотици луѓе.

Премиерот Ел Малики уште претходно најави дека има намера да преземе мерки против милиционерите. Според него ниту во градот ни во целата земја неможе да се продолжи така. Не може да се гради земјата додека фракциите во неа се бората едни против други.

Во пристанишниот град Басра, кој поради нафтените експорти е животно неопходен за земјата, ќе се ангажираат ирачките трупи кои наредниот месец дено ноќно ќе ги контролираат сите што се движат во градот. Цел е да се разоружаат шиитските милиции и приватните армии на семејствата во околината.

Претседателот на државата Џалал Талабани пред неколку денови го вклучи алармот, изразувајќи згриженост поради состојбата во Басра и побара владата веднаш да делува. Таа сега презема чекори. Ел Малики очигледно сака да се престави како новиот силен човек на кого може да се смета кога станува збор за безбедноста во земјата. Тој зазема став и во однос на 24 убиени лица во западно ирачкиот град Хадита. Американските војници имено стојат под сомневање дека ги убиле мажите, жените и децата во одмазнички чин минатиот ноемрви. Ирачкиот премиер Ел Малики преку Би Би Си побара од мулти националните сили во Ирак строго да се придржуваат до човековите права.

За префрлувањата кон војнците став зазема и американскиот претседател Џорџ Буш „Единиците на маринците се составени од мажи и жени кои се чесни луѓе, кои ги разбираат правилата на војната. И ако со оглед на овие искази е вистина, единиците на маринците ќе работата за да бидат сигурни дека таа култура, таа горда култура ќе биде засилена, и дека оние кои го обесчестиле правотот, ако го направиле тоа ќе бидат казнети.“ истакна америкaнскиот претседател Џорџ Буш