1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Вонредна седница на Парламентот за пожарите

Опозицијата во Македонија бара информација од владата,премиерот бара кризата да не се користи за меѓупартиски препукувања

default

Во македонското собрание е во тек вонредна седница по барање на опозицијата за актуелната состојба со пожарите.Во моментов во земјата беснеат повеќе од 40 пожари.СДСМ побара од владата прецизна информација за ситуацијата во земјата.Премиерот Никола Груевски рече:

„Ова е кризна ситуација која не би требало да се користи за злоупотреба,за политички препукувања,за партиски ситни поени,затоа што во земјата има над 40 пожари,луѓето се борат со огнената стихија,огромен дел од војската е ангажиран во таа борба.Навистина ќе биде непристојно,некоректно,можеби и фрустрирачки пред граѓаните сега да почнеме со препукувања,меѓупартиски поентирања.“

Опозиционерката од ЛДП Роза Кареска Топузовска побара од владата итно да пренамени пари од капиталните расходи за справување со пожарите и покривање на штетите:

„Средствата кои се наменети за друго да бидат пренаменети,значи конкретен предлог за справување со кризите затоа што да стигнат хеликоптерите на 30 септември,тоа ќе биде веќе доцна.“

Рафи Салити се јави со забелешка дека Парламентот се однесува во стиилот на народната-„Село годи,бабата се чешла“ и предупреди дека расправата нема да им помогне на луѓето на терен:

„Не гледам дека ќе добиеме нешто од тоа што ние денес ќе расправаме,затоа што ним им е загрозен имотот.Требаше да имаме податоци од страна на владата.“

Во моментов во пламен е површина од над 3 илјади хектари пред се шума.На противпожарните единици,војската и локалното население во гаснењето на пожарите им помагаат авиони и хеликоптери од Турција,Словенија и Хрватска,Најголеми размери има пожарот во пределот на Стара планина,што се прошири и кон националниот парк Јасен и кон браната Козјак.