1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Вол-Март се повлекува од германскиот пазар

Најголемиот светски концерн за трговија на мало по нешто повеќе од осум години се откажува од конкурентска борба

Супермаркет на Вол-Март

Супермаркет на Вол-Март

Американскиот концерн Вол-Март не успеа во изминатите години да се избори за место на овдешниот пазар во услови на силна конкуренција. 85-те негови супермаркети ќе му бидат продадени на германскиот конкурент Метро од Диселдорф, но цената не е наведена. Претседателот на Управниот одбор на Метро Ханс-Јоахим Кербер вели: „Мрежата супермаркети на Вол-Март во Германија во срж е здрава и со тоа атрактивна. Таа претставува идеално надоплнување на нашата мрежа на супермаркети ’Реал‘. Ние во Германија веќе имаме 280 стоковни куќи ’Реал‘, сега ќе добиеме уште 85. Тие многу добро се вклопуваат, посебно на југот, југоистокот и на северот на Германија“.

Вол-Март во Германија вработуваше 11 илјади луѓе. Тие се шокирани од решението, вели Маргрет Било, претседател на Советот на претпријатието при главната управа на Вол-Март: „Колегите во најголем дел се вчудовидени. Тие беа целосно шокирани. Набљудував неколку мажи, кои одвај ги задржуваа солзите“.