1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Волфсбург сигурно чекори кон титулата

Во трката за шампионската титула во Бундеслигата, Херта Берлин дефинитивно ги загуби шансите. Шанса за освојување на трофејот имаат Волфсбург, Баерн Минхен и Хамбургер.

default

Од натпреварот меѓу Волсфбург и Менхенгладбах

Херта Берлин го претрпе и третиот пораз по ред и сега заостанува 5 бодови пред лидерот на табелата со што речиси и да нема повеќе шанси за освојување на титулата. Берлинчани загубија во Хановер со 2:0.

Во трката за шампионската титула Хамбургер претрпе голем удар. Избраниците на тренерот Мартин Јол по победата во четвртокот во Купот на УЕФА против Манчестер сити изгледаа заморено во мечот против Штудгарт и загубија несреќно во судиското продолжение од натпреварот со минимални 1:0.

„ Добро игравме, но ако не можат да се освојат три поени, тогаш мора барем еден поен да се однесе дома. Тоа истотака ќе беше позитивно, но за жал не го направивме тоа“, истакна по мечот тренерот на Хамбургер, Мартин Јол. По овој пораз Хамбургер е трет на табелата со три поени заостанување зад лидерот Волфсбург кој пак извојува победа во Менхенгладбах против домашната Борусија со 2:1. Сонот за титулата и натаму продолжува. Исто како и за Баерн од Минхен.

Bundesliga Stuttgart gegen Hamburg

Од мечот меѓу Штудгарт и Хамбург

По засрамувачките настапи против Волфсбург и Барселона во изминатите седум дена во саботата актуелниот шампион славеше со 4:0 против Ајнтрахт од Франкфурт. Баерн е на второто место и заостанува три бодови зад Волфсбург.

Важна победа за Штудгарт

Важен чекор во насока на квалификациите за купот на УЕФА направи Штудгарт со победата над Хамбургер со 1:0. Екипата на тренерот Маркус Бабел сега заостанува само еден бод зад четвртиот на табелата Херта Берлин и може дури да влезе и во трката за пласман во Лигата на шампионите. Бабел меѓутоа вели дека воопшто не размислува за тоа:

„ За мене едноставно е од решавачко значење дека на теренот настапува екипа која дава се’ од себе, која се бори и прави се’ за тоа да биде успешна. Што ќе произлезе како краен резултат ќе видиме. Мене едноставно ми е важно дека на теренот гледам тим кој дава се’ од себе“.

Есенскиот првак Хофенхајм изгледа дека никако не може да фати чекор во пролетниот дел од сезоната. Тимот загуби од Бохум на домашен терен со 3:0. Пласманот во купот на УЕФА изгледа се подалечен. Веднаш зад Хофенхајм на табелата се приближија Шалке 04 со победата над Карлсруе со 2:0 и Борусија Дортмунд со триумфот над Келн со 3:1.

Повторно неуспех на Баер Леверкузен

Од друга страна Баер од Леверкузен и по седми пат не успеа да слави победа на домашен терен

Bundesliga Leverkusen gegen Bremen

Неуспешен настап на Баер Леверкузен

и сега се наоѓа на 9-то место со шест бода заостанување од местата кои водат во Купот на УЕФА. Баер играше 1:1 против Вердер од Бремен:

„ Се разбира добро ќе ни дојдеше, ако мечот го завршевме како победници. Штета. Екипата инвестираше многу против еден добар противник. Сметам дека едноставно пропуштивме чисти шанси за голови“, коментираше по мечот тренерот на Баер, Бруно Лабадија.

По ремито Вердер остана на десетото место. Тренерот Томас Шаф меѓутоа не беше задоволен со прикажаната игра:

„Сметам дека севкупно резултатот е во ред. Мислам дека во нападот игравме добро и градевме ситуации за постигнување гол. Тоа е О.К“ На дното на табелата , екипата на Енерги Котбус успеа да направи чекор напред за спас на прволигашкиот статус. По петте порази по ред Котбус славеше со 2:1 против Арминија Билефелд. Со 23 бодови меѓутоа Енерги останува на претпоследното место, но има еднаков број бодови како и Борусија Менхенгладбах на 16-то место. Еден поен повеќе има Билефелд на петнаесетото. Последен останува тимот на Карлсруе со 18 бодови.

Автор: Бенјамин Вист/Симе Недевски

Редактор: Невена Георгиевски