Волфсбург му покажа заби на Бајер Леверкузен | Теми | DW | 12.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Волфсбург му покажа заби на Бајер Леверкузен

Бајер Леверкузен ја испушти шансата да се искачи на третото место на табелата во Бундеслигата, откако во неделниот натпревар доживеа изненадувачки пораз од Волфсбург од 3:1.

Фудбалерите на Волфсбург ги постигнаа трите погодоци во првите 33 минути од натпреварот. Бразилецот Диего од средниот ред два пати се запиша на листата на стрелци. Првиот гол го постигна во четвртата, а вториот во 16-та минута од првото полувреме.

Холандскиот фудбалер Бас Дост во 33-та минута беше заслужен за третиот гол на Волфсбург, и за убедливото водство на крајот од првото полувреме. За в.д. тренерот Лоренц Костнер ова беше втора победа во Бундеслигата, откако Феликс Магат го напушти клубот минатиот месец.

Поранешниот германски репрезентативен напаѓач, Штефан Кислинг му докажа на германскиот селектор Јоаким Лев дека недостига во репрезентативниот состав, со голот за Леверкузен во 91-та минута од продолжението на пресметката, за него 17-ти по 11 одиграни натпревари.

„Одигравме катастрофално прво полувреме”, изјави Филип Волшајд, фудбалерот на Бајер Леверкузен. „Тоа е недозволиво. Не е можно да се дојде до победа, ако сите спиеме на теренот. “

Fußball Europa League: Hannover- Helsingborg

Фудбалерите на Хановер

Леверкузен последен пат во германското првенство беше поразен од бранителот на титулата Борусија Дортмунд на 15-ти септември.

Голем пресврт на Хановер

Хановер славеше победа од 2:4 на гостувањето во Штудгарт, во неделниот вечерен термин. Заслужен за пресвртот беше норвешкиот напаѓач Мухамед Абделауе кој ја обезбеди предноста на својот тим кој во моментов е на шестото место на табелата.

„Фудбалерите на Штудгарт беа супериорни во првиот дел од натпреварот.”изјави тренерот на Хановер, Мирко Сломка. „По искуството кое го стекнавме во минатите недели, знаевме дека мора да ја корегираме играта. Направивме промени во вториот дел од пресметката и го возвративме ударот. Многу сме среќни со победата.”

Со пресврт до победа дојде и осмопласираната Борусија Менхенгладбах над Гројтер Фирт, тимот кој е претпоследен на табелата во Бундеслигата.

Во саботата, тренерот на Франкфурт, Армин Фе се увери дека Бајерн Минхен е неприкосновен тим во германското првенство.

Fußball Bundesliga Bayern München vs Eintracht Frankfurt

Бајерн уште еднаш сезонава беше пресилен за противницитге

Со головите на Рибери и Алаба, Бајерн славеше над Франкфурт и дојде до десетата победа во лигата, по единасет одиграни натпревари.

„Недопирливи се. Игравме на исто ниво”, изјави тренерот Фе, кој ја освои шампионската титула со екипата на Штудгарт во 2007година. „Се обидовме да го запреме Бајерн и да не му дозволиме да мине. Одлично ја вршевме нашата работа, но фудбалерите на Бајерн се многу мудри. Вториот гол што го примивме, го скрши нашиот отпор и одбрана.”

Второпласираниот Шалке во Гелзенкирхен беше поуспешен од Бремен со 2:1.

Дортмунд се искачи на четврото место на табелата, со победата од 3:1 над последно пласираниот Аугсбург, а пресметката меѓу Фрајбург и Хамбург заврши без голови.

Тренерот на Мајнц, Томас Тухел, најави дека ќе поднесе жалба до Германската фудбалска федерација во врска со одлуките на судиите за време на петочниот натпревар против Нинберг на домашен терен, на кој Мајнц славеше победа од 2-1.