1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Волфсбург го прегази Штутгарт и остана лидер во Бундеслигата

Тимот на Волфсбург, по возбудливото 13 коло од фудбалската Бундеслига, ја задржа лидерската позиција. Во дерби натпревар на домашен терен популарните „волци„ го прегазија Штутгарт со 3: 0 и ја задржаа лидерската позиција, со само еден бод предност пред тимот на Баерн од Минхен, кој на гости славеше во Бохум.

Радост по водството против Штутгарт, фудбалери на Волфсбург

Радост по водството против Штутгарт, фудбалери на Волфсбург

Томас Брдарич, со својот гол првенец по 833 минути пост и на двапати Мартин Петров, беа стрелците за радост на Волфсбург. Тренерот Ерик Геретс, секако задоволен од играта на неговиот тим, кој ја врати самодовербата по минатонеделниот пораз во Нирнберг од 4:0

“Беше тоа врвен натпревар. Почетокот е секогаш важен, така што пред натпреварот имав чувство дека тоа не е оној тим од пред една седмица. Знаев дека излегуваме на терен за да се бориме за победа“

Покрај добриот настап во саботата против Штутгарт, тимот на Волсбург останува лидер на табелата благодарение на бледиот настап на претендентите за лидерската позиција, со исклучок на Баерн од Минхен, кој во Бохум, по негатива од еден гол, за 6 минути направи целосен пресврт за на крај да слави со 3:1. Менаџерот на Баерн, Ули Хенес, сепак беше малку лут, но не на своите играчи:

“ Веќе со недели ме нервира, кога луѓето зборуваат дека победуваме само кога противникот е слаб. А кога сега славиме против Бохум, велат дека сме имале среќа. На крај можеби и ќе бидеме есенски шампиони, но некои ќе бараат да се правдаме“ вели Хенес

13 то коло ќе остане запаметено, благодарение на тимот на Херта од Берлин кој по 34 години славеше во Гелзенкирхен, против Шалке 04, со што ја прекина успешната серија на тимот на Аилтон и Крстаиќ, 11 натпревари без пораз и 6 едноподруго победи .

Во долниот дел на табелата состојбата останува непроменета. Ханза по катастрофалниот пораз од 6:0 на домашен терен од Хамбург е последна. Тренерот на тимот од Рошток, Јури Шлинц, ја превзеде одговорноста и по најубедливиот пораз на домашен терен во историјата на клубот поднесе оставка.

Во дербито од дното, Кајзерслаутерн славеше против Борусија од Дортмунд, која продолжува со бледото издание. И покрај тоа што располага со добар тим, барем на хартија, тренерот Ван Марвијк потврдува дека Борусија се бори за гол прволигашки статус:

“ Јас уште многу пред натпртеварот реков дека ние прво треба да преживееме. Мораме да се бориме за опстанок. Тоа се потврди и по денешниот натпревар“ изјави веднаш по саботниот пораз Марвијк

Причините за поразите според некогашниот репрезентативец, Кристијан Вернс, треба да се бараат и надвор од теренот, пред се во големите долгови кои на грб ги има Борусија

“ Последните недели и месеци беа тешки за оваа екипа. Не заневме како ќе одиме натаму и што се случува зад кулисите. Сепак ние мораме да се сконцентрираме на спортскиот дел. Се надевам дека ќе дојде до промени“

Волфсбург со 27, Баерн со бод помалку и Шалке со 24 бодови, се водечката тројка во бундеслигата по тринаесетото коло.