1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Волфовиц мета на напад во Ирак

Нападот се случил околу 6 часот и 10 минуто по локално време. Се слушна серија на испукани гранати. Хотелот Ал Рашид во Багдад во кој се наоѓаше американскиот заменик министер за одбрана Пол Волфовиц, го погодиле шест или осум од нив. Во зградата веднаш изби пожар, а сите гости беа евакуирани. Волфовиц не е ниту повреден, но на импровизираната прес конференција излезе видно потресен па сепак пред новинарите со категорична порака :
"Ваквиот терористички акт нема да не поколеба во остварувањето на зацртаната мисија која има за цел да му помогне на ирачкиот народ да се ослободат од криминалците кои стојат зад ова и кои имаат за цел да ја дестабилизираат земјата која 25 години ја уништуваа", рече Волфовиц.

Во нападот сепак загина еден Американец, а се ранети 15 лица. Полицијата соопшти дека биле испукани дури 29 ракети со голем калибар, но од домашно производство, а на местото од каде биле истрелани имало уште 11 неиспукани. Американските војници дури имале и вооружена престрелка со напаѓачите.

Инаку Хотелот Ал Рашид се наоѓа во делот на Багдад кој е под опсадни мерки на безбедност. Американските војници ги имаат блокирано сите приоди кон зданието кое е опколено со блиндирани возила. Во овој хотел одседнуваа сите високи гости уште за времето на Садам Хусеин, Инаку САД уште вчера предупредија од терористички напади кои ќе се софпаднат со почетокот на муслиманскиот пост по повод светиот празник Рамазан кој започна денеска. Од денеска во Багдад е укинат и полицискиот час поради како што беше соопштено од американската војска "подобрување на безбедносната состојба" во градот.