1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Волерс: Името, па НАТО

Ако се реши проблемот со името, Македонија може да стане членка на НАТО, изјави американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс по средбата со македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими.

default

Пол Волерс (архива, предавање на акредитивните писма кај макеоднскиот претседател Иванов)

„Членството во НАТО останува врвен приоритет, што е исклучително важно за Македoнија, но и за целиот регион на Југоисточна Европа. Остануваме цврсто на определбата за поддршка и придонес кон на глобалниот мир“, изјави министерот Фатмир Бесими по средбата.

Американскиот амбасадор Волерс со Бесими, освен околу членството на земјата во НАТО, разговарал и за досегашната билатерална соработка на Македонија со САД, која е на највисоко ниво, посебно во делот на одбраната, врз основа на декларацијата за стратешко партнерство.

„Во периодот што доаѓа ќе имаме тесна соработка со МО и со АРМ за постигнување на целта за интегрирање на Република Македонија во НАТО. Напредокот што го бележи земјата во поглед на одбраната е навистина голем. Ова е успешна приказна на една армија и на една држава“, рече Волерс.

Македонскиот министер за одбрана Бесими информираше и дека во писмена преписка со генералниот секретар на НАТО Андерс Расмусен, меѓу другото, било истакнато значењето на соработката, но и членството на Македонија во Алијансата, при што јасна била пораката дека ќе и‘ се даде покана на Република Македонија за членство откако ќе има решение за прашањето за името.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Г. Чутаноски

Поврзана содржина