Волебек ќе ги смирува меѓуетничките тензии | Македонија | DW | 09.02.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Волебек ќе ги смирува меѓуетничките тензии

Високиот комесар на ОБСЕ од вчера е во посета на Македонија. Денеска има средба со Иванов и обраќање во Комитетот за односи меѓу заедниците

default

Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волебек кој од вчера престојува во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со шефот на државата Ѓорге Иванов. На разговорите со претставници на политичките партии и верските заедници во земјата, Волебек ја промовирал стратегијата за интегрирано општество и истакнал дека таа е најдобар начин за надминување на меѓуетничките тензии во општеството.

Лидерот на владината ДУИ, Али Ахмети по средбата со Волебек изјави дека изолираните настани во Вевчани, Струга,

Битола и други места, не се многу загрижувачки само доколку некој не стои позади овие инциденти.

Според Ахмети, инцидентите кои што започнаа со скандалозните скандирања на навивачите на ракометните натпревари на репрезентацијата на Македонија во Ниш и Белград, продолжија со изолираните настани во Вевчани, Струга, Битола...

„Изливи на омраза на спортските арени се за жалење и за секоја осуда и огромното мнозинство на граѓаните на Македонија ги осудуваат овие настани и не се солидаризираат со нив“, рече Ахмети.

Волебек денеска треба да се обрати и пред Комитетот за односи меѓу заедниците.

Извор: миа/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски