1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Волебек: меѓуетничките тензии не се минато

Реформи во образованието и интегрирано образование се најдобра превенција, изјави амбасадорот на ОБСЕ

default

Македонија, како млада демократија се соочува со низа предизвици. Земјата многу напредна по конфликтот од 2001 година, но серијата инциденти и случувањата во Струга потсетуваат оти меѓуетничките и религиски инциденти не припаѓаат само на минатото и доколку тие не се спречат може да го загрозат општеството, истакна високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кнут Волебек во обраќањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците во македонското Собрание.

Тој ги поздрави заклучоците од минато неделната седница на Комитетот во врска со овие инциденти дека навремено и конструктивно реагирал на ниво на својата задача, но забележа дека не се потребни настани како палење на знамиња и сквернавење верски објекти за да има дебата за вакви појави. Амбасадорот Волебек при тоа повика на реформи во образованието и воведување на интегрирано образование како најдобар начин за превенирање на тензии во мултиетничките општества.

„Треба да се преземат мерки во политиката, во подобрувањето на законите, медиумите и во социјална интеграција. Образованието е високо релевантно во превенцијата од ескалирањето на инцидентите. Можев да видам зголемена тенденција во однос на сепарирањето по етничка линија, особено во постконфликтни општества. Сето ова може потенцијално да претставува закана по социјалната кохезија“, оцени Волебек подвлекувајќи ја потребата од вклучување во овие процеси на сите етнички заедници во земјата.

Flash-Galerie Themen der Grünen Entwicklungszusammenarbeit

Кнут Волебек (десно) во друштво на Јошка Фишер

Влошени меѓуетнички односи

Зијадин Сеља од ДПА оцени дека Комитетот за односи меѓу заедниците не ја врши својата улога, туку е инструмент во рацете на власта за спроведување на нејзините политики. Според него во земјата се влошени меѓуетничките односи, а власта малку работи на ова прашање, односно работи на нивно вжештување.

„ДПА од аспект на начинот на кој се наметнуваше од поранешниот министер е против интегрираното образование, рече Сеља посочувајќи на учењето македонски јазик за албанските ученици од прво оделение и со став дека македонската заедница е таа која треба да се ингтегрира.

И според Талат Џафери од ДУИ,албанската заедница нема потреба да се интегрира во општеството заради придонесот што го дала уште од 1903 во нејзиното градење. Тој како главен проблем го посочува различното концепциско гледање на Уставот кај албанската заедница и кај Македонците.

Одговорност кај сите

За Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија од 2001 година постигна многу и е посветена на градење вистинско мултиетничко општество, кое се темели и на вкоренета традиција на соживот. Според неа, Комитетот си ја врши својата задача во однос на неговите ингеренции, но одговорноста за односите меѓу заедниците имаат сите, политичарите, институциите, какои медиумите со начинот на известувањето. Укажа на потребата од проекти за младите.

„Не треба да се користат меѓуетничките односи за стекнување политички поени од сите партии. Најважно е сите заедно да ги зачуваме добрите меѓуетнички односи и да им ги оставиме во наследство на идните генерации, рече Бонева.

Оливер Спасовски посочи оти кај СДСМ нема двоуменње околу стабилноста на државата која треба да ја изградиме како држава на сите граѓани. Според него, важно е најостро да се осудат сите инциденти кои поттикнуваат меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост и сите, а пред се власта да ја преземе одговорноста.

„Сите релевантни фактори во РМ треба да имаат одговорност,пред се Владата, а тоа е без одлагање да се откријат сите оние кои ги поттикнале инцидентите. Со тоа ќе се создаде правна сигурност во држвата, рече Спасовски.

Автор: БГ/миа

Редактор: СН