1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воз полн со нафта ескплодираше во гратче во Канада

Воз без машиновозач полн со нафта влета во центарот на мало канадско гратче. Потврдена е смртта на најмалку едно лице, но се стравува дека бројот на загинати ќе биде голем. Како исчезнати се водат најмалку 80 луѓе.

Возот експлодираше во малото гратче Лак-Межантик. Во времето на несреќата во еден бар во местото, од кој не е останато ништо, имало најмалку 50 луѓе. Спасувачките екипи работат со полна брзина. Портпаролот на полицијата Мишел Брунет ја потврди смртта на едно лице, но рече дека се претпоставува оти бројот на загинати ќе се зголемува.

Огнот по експлозијата на возот без машиновозач не е изгаснат ни по 20 часа од несреќата. Во гратчето се уништени околу 400 куќи. Евакурани се околу 2 илјади, од вкупно 6 илјади жители на местото.

Причините за несреќата се‘ уште не се познати. Портпарол на фирмата Монтреал Мејн и Атлантик, Кристоф Журне, за агенцијата АФП изјави дека возот се наоѓал првично во соседното место Нант, на околу 13 километри западно од

Zugunglück Kanada Quebec Explosion

Огнот не е изгаснат ни 20 часа по несреќата

Лак-Межантик, поради промена на персоналот. И покрај тоа што сопирачките биле активирани, возот одеднаш почнал да се движи во насока на Лак-Межантик. Според железницата, возот имал 72 вагони полни со нафта од американската сојузна држава Северна Дакота.

Сведоци зборуваат за најмалку шест експлозии што се слушнале откако возот влетал во центарот на гратчето. Канадскиот премиер Штефен Харпер изјави дека е шокиран од несреќата и на семејствата на жртвите им изрази сочувство.