1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Воздушно перниче за велосипедисти

Изгледа како моден детал, а има функција на ербег за велосипедисти. Две шведски индустрики дизајнерки на пазарот го презентираат „Хуефдинг“ кој можеби ќе го замени класичниот шлем.

default

Шлем…или „Хуефдинг“ - велосипедистите кои ги носат се секако заштитени. Иако Хуефдинг изгледа како моден додаток, благодарение на вградениот ербег може да спаси живот во случај на несреќа.

Во простории кај поранешното пристаниште во Малме, во јужна Шведска индустриските дизајнерки Ана Хаупт и Терез Алстин ја реализираат својата идеја за невдлив шлем за велосипед.

„Ние направивме анкета, зошто луѓето не носат велосипедски шлем. Во Шведска го носат само 20 проценти од велосипедистите, во другите земји дури и поретко. Луѓето ни кажаа дека сметаат дека велосипедските шлемови се грди, дека ја расипуваат фризурата, дека ни другите не носат, дека под него нема место за капа и редица други причини. Затоа си рековме ќе пронајдеме шлем, кој не ја расипува фризурата, кој е лесен и дискретен и кој може да се склопи и одговара за секој стил на облекување“, вели Ана Хаупт.

Bildgalerie USA Wahlen Obama Umwelt 1

Возрасните честопати не носат шлем

Во „Хуефдинг“ се крие многу математика и техника и речиси седум години работа. Овој модерен шлем е финансиран од инвеститори и пари од награди.

Вградените сензори постојано ги анализираат движењата на оној кој го носи овој шлем. Тие разликуваат нормални движења, од оние на нагло кончење или издишување на гумата на велосипедот, значи од оние кои настапуваат во случај на несреќа. Дури тогаш се активира Хуефдинг шлемот.

Терез Алстин појаснува како функционира тоа:

„Тоа функционира вака: се става Хуефдинг шлемот и се затвора патентот и се активира со ова копче. Потоа следува звучен сигнал и светлото покажува дека Хуефдинг е активиран. Кога ербегот се активира со притисокот се отвора порабувањето и од горниот дел на крагната излегува ербег заштитата“.

„Вака изгледа Хуефдинг шлемот откако ќе биде активиран. Овдека имаме ербег од цврст најлон и пластична фолија во која истекува гасот од еден патрон. Тука се платините за насочување, а овде се сензорите, кои константно ги анализираат движењата на велосипедистот, 200 пати во секунда“, се надополнува Хаупт.

Хуефдинг шлемот чини 450 евра. Тоа е многу, со оглед на тоа што шлемот, доколку се отвори ербегот веќе не е употреблив. За неговите дизајнерки тој во прва линија е моден објект.

Затоа и навлаката од материјал може да се менува.

Во моментов на располагање има два дизајни, со текот на времето треба да има поголем избор. Притоа се размислува и за соработка со модните куќи.

Stadt Malmö in Schweden

Малме, Шведска

„Многу дискутираме за дизајнот на навлаката. Секогаш треба да изгледа авангардно, а никогаш просечно или здодевно. Сакаме секогаш да бидеме еден чекор пред трендот“, изтакнува шведската дизајнерка Хаупт, на неа се дополнува нејзината колешка Алстин: „Исто така сакаме да најдеме различни можности за продажба, бидејќи тоа е моден детал, моден продукт. Хуефдинг шлемот значи треба да се продава во модните куќи не само во продавниците за велосипедска и спортска опрема“.

Хуефдинг шлемот уште пред почетокот на продажбата привлече внимание. Во септември 2011 година Ана Хаупт и Терез Алстин ја освоија „Index: Award“ наградата дотирана со 100.000 евра.

Жирито посебно беше убедено од идејата на дизајнерките, за сосема нов шлем за велосипедисти.

„Index: Award е најголемата светска награда за дизајн и тоа е убава награда, која ние ја освоивме. Ние двете сме индустриски дизајнерки и се разбира со ваквата награда се покажува престижот во браншата, со тоа што така да се каже сме прогласени за најдобри дизајнери во светот. Тоа е навистина нешто особено“, истакнува Хаупт.

Од ноември минатата година Хуефдинг може да се купи во продавниците во Шведска и Норвешка, а преку интернет и ширум Европа. Досега се продадени повеќе од 600 шлемови.