1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воздушни напади во појасот Газа

Израелската армија изврши воздушни напади врз повеќе полициски станици на радикално-исламистичкиот Хамас во појасот Газа. Во нападите има и голем број жртви. Армијата во меѓувреме ја потврди операцијата.

default

Насилството во појасот Газа не сопира

При израелски воздушни напади врз позиции на радикално - исламистичкиот Хамас во појасот Газа, според полициски извори убиени се најмалку 70 лица. Според палестински извори животот го загубиле најмалку 140 лица, а повеќе од 200 се повредени.

Во меѓувреме израелската армија потврди дека се извршени воздушни напади. Во соопштение на армијата се истакнува, дека биле нападнати цели на радикално-исламистичкиот Хамас. Воздушните напади биле реакција на континуираните ракетни напади врз израелски цивили од страна на милитантните Палестинци. Армијата најави дека доколку е потребно ќе ја продолжи и прошири операцијата. Портпарол на израелската армија во меѓувреме појасни кои лица Израел ги квалификува како терористи „Секој кој го поддржува тероризмот, засолнува терористи во својот дом и користи жени и деца како човечки штит.“ Во првата рекација на воздушните напади, Хамас најави ракетни напади врз Израел.

Воздушните напади во појасот Газа го изненандија населението. Имено, израелскиот кабинет дури утре требаше да донесе одлука, дали ќе преземе воена операција. Откако вчера беше пропуштен хуманитарниот конвој со храна и лекови за населението, милитантните палестински организации утрово не ги гранатираа израелските порагнични места.

DW.COM