1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воздушен напад на турската армија во југоисточниот дел на земјата

Во воздушен напад на турската армија врз едно село во југоисточниот дел на земјата, според наводи на локалните власти, загинале околу 30 жители на селото.

default

Турски воен хеликоптер во акција

Градоначалникот на Улудере, во провинцијата Сирнак, Фехми Јаман, изјави: „Имаме триесет тела, сите се изгорени“. Претставникот на прокурдската Партија за мир и демократија (БДП), Ертан Ерис, наведе дека на местото на бомбардирањето, кај селото Ортасу, во провинцијата Сирнак, веќе се идентификувани 19 тела. Жртвите била на возраст од 16 до 20 години.

Загинатите биле дел од групата од 35 до 40 луѓе кои илегално ја преминувале границата поради шверц. Прокурдската информативна агенција Фирар јави дека при нападот загинале 35 луѓе.

Тешко пристапниот планински регион долж границата со Ирак важи како место каде се кријат членови и симпатизери на забранетата Курдска работничка партија. Турската армија постојанo врши напади врз кампови на бунтовниците во северниот дел на Ирак.

ПКК често напаѓа цели во Турција од базите во Северен Ирак. Курдската работничка партија од 1984-та година води вооружена борба во Југоисточна Турција за прогласување на независна курдска територија, а во насилствата досега загинале околу 45.000 луѓе.

Автор: ЕМФ/ртр/дв/миа

Редактор: Борис Георгиевски