1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Воздушен напад во Авганистан

Во воздушен напад на трупите предводени од САД во Јужен Авганистан, наводно биле убиени 21 цивил. Според информацијата на гувернерот на провинцијата Хелманд, Асадулах Вафа, воените авиони бомбрадирале село во кое се криеле талибански борци. Меѓу загинатите имало и деца и жени. Претставник на американската армија соопшти дека немаат извештаи за загинати цивили, но затоа биле убиени голем број талибански борци.