1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воздушен мост за Сирија

Обединетите нации имаат намера со воздушен мост да достават стотици тони помош за луѓето во блокираниот североисток на Сирија. Десетици илјади луѓе чекаат на помош. Летовите почнуваат денеска (12.12).

Кога ќе слушнат авиони, луѓето во Сирија не очекуваат ништо добро. Најчесто непосредно потоа паѓаат бомби, ако е во тек нова офанзива на режимот на Асад против бунтовниците. Но од денеска звукот на авионите за сириските цивили ќе има и друго значење - помош! Обединетите нации воспоставуваат воздушен мост. Авионите треба да стартуваат од Ербил, во северен Ирак, а намирниците треба да се разнесат во блокираниот североисток на Сирија.

„Планираме да доставиме повеќе стотици тони помош“, изјави Петер Кеслер од Високиот комесаријат за бегалци на ОН, УНХЦР. Ќе бидат доставувани пред се‘ храна, шатори, ќебиња. Помош треба да добијат околу 60.000 луѓе.

Во овој дел од Сирија, речиси каде што е најпотребно, со месеци има проблеми при транспортот на помошта. Патиштата се блокирани поради борбите што се водат, да се вози е преопасно. ОН повеќе пати апелираа до режимот на Асад да овозможи доставување помош за регионите коишто се блокирани, но досега без успех.

Со новиот воздушен мост сега се согласија и сириската влада и ирачките власти. Кеслер, нагласувајќи дека досега по воздушен пат се пренесувала медицинска опрема за болниците во регионот, додава дека сега ќе биде направен обид помошта да им биде директно доставена на луѓето во рок од само неколку дена, поради наближувањето на зимата.

На ти - дај ми?

Североистокот на Сирија е особено погоден од тешки борби. Таму се наоѓаат најважните наоѓалишта на нафта во земјата. Покрај милитантните исламистички групации, кои се длеумно блиски до Ал Каеда, во овој регион се борат пред се‘ Курди, од кои дел настојува да добие автономен регион по урнек на ирачки Курдистан.

Irakische und syrische Flüchtlinge

На меѓународна помош право имаат сите бегалци, но...

Сириската верзија на ПКК во Сирија - ПИД, е вмешана во борбите на северот на Сирија. Има укажувања дека сирискиот претседател Башар ал-Асад склучил договор со организациите на Курдите - тие да се борат против исламистите на северот, за неговите трупи да можат да се концентрираат на други региони, а за возврат тој би можел да им направи политички отстапки на Курдите во една нова Сирија.

Дозволата на Асад да биде доставена помш токму за оовј регион е уште една индиција за тоа. Политичката состојба во Сирија е повеќе од компликувана. „Во Сирија има многу страни вклучени во конфликтот со многу различни интереси. Но ние од сите страни бараме: дозволете помошта да стигне до цивилите. Итно ни е потребен пристап до сите региони во Сирија. Повеќе од 250.000 луѓе живеат во региони до коишто не можеме да стигнеме. Тие цивили имаат право на меѓународна помош“, се вели од УНХЦР.

Зимата е пред врата. УНХЦР има на располагање 142 милиони евра за да ги подготви бегалците во Сирија и во соседните земји за студот, потфат кој е речиси невозможен. ОН знаат дека и воздушниот мост кој стартува денеска (12.12) не е ништо повеќе од само еден обид да се ублажат страдањата на луѓето. Но тоа е можеби почеток.