1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Воздржан оптимизам

Еврокомесарот за проширување Оли Рен при престојот во Скопје истакна дека оценката на ЕК не треба да зависи од спорот со Грција. На тема евроинтеграции денеска ќе се направи обид за постигнување општопартиски консензус.

default

Комесарот за проширување во Скопје

Македoнскиот премиер Никола Груевски денеска свика лидерска средба на која треба да бидат усогласени ставовите и да биде најден политички консензус за реформите и останатите суштински прашања, значајни за НАТО и ЕУ перспективите на Македонија На средбата се поканети претседателите на партиите СДСМ, ДУИ, ДПА и Нова Демократија. Како што се наведува во писмото, премиерот ги свикува консултациите „во пресрет на извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и севкупните евро-атлантски интеграции“. Средбата Груевски ја свика веднаш по завршувањето на посетата на еврокомесарот за проширување Оли Рен на Скопје.

Има реални шанси Македонија да ги исполни бенмарковите

Olli Rehn und Nikola Gruevski

Оли Рен и Никола Груевски

Постојат реални шанси Македонија да ги исполни бенчмарковите и наесен да добие датум за преговори со Унијата, рече еврокомесарот Рен при престојот во Скопје и дополни дека е импресиониран од квалитетот и брзината на реформите спроведени за визната либерализација, што говори за институциналните капацитети на Македонија, да ги реализира обврските од Унијата, смета еврокомесарот. Можните предпристапни преговори меѓу ЕУ и Македонија не се поврзани со името, кој е билатерален спор. Според Рен, отворен е вистински прозорец за негово решавање. Премиерот Груевски од своја страна потенцираше дека Македонија останува посветена за изнаоѓање решение за спорот со Грција.

Еврокомсесарот Оли Рен по средбата со министри од владата, во собранието ги повика парламентарците до 15 септември да бидат донесени уште трите закони за парламентот, за финасирање на партиите и спорниот закон за државни службеници. Еврокомесарот доживеа лавина пратенички комплименти за неговиот ангажман околу Македонија, но беше сведок и на критиките од опозицијата. Јани Макрадули од СДСМ притоа предупреди, дека во трката со рокови се занемарува квалитетот на законите и предлозите.

Автор: АЧ/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM