1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Воздржан оптимизам на германската влада за стопанството во 2004

Германската сојузна влада во ова година смета на економски пораст меѓу 1,5 и 2 насто. Ова произлегува од годишниот извештај за стопанството во Германија во 2004 што го престави денеска во Берлин сојузниот министер за стопанство Волфганг Клемент. Притоа извозот останува навјажниот мотор на растежот. Опасности се кријат пред се во тоа ако еврото продолжи да расте во однос на доларот. Што се однесува до германскиот пазар за работа, владата се надева на првите тенденции на заздравување. Вест на денот во тој извештај е дека во Германија повторно се оди напред. По три години конјунктурно студенило, џинот се разбуди и најголемата економија во Европа повторно е на патот кон подобрување. Германскиот сојузен министер за стопанство Волфганг Клемент посебно се надева дека бројот невработени во текот на оваа година ќе падне под 4 милиони. Тој е сигурен дека доцна летото конечно повторно ќе биде симната таа магична граница. Претставувајќи го годишниот стопански извештај Волфганг Клемент очекува вистински пресврт во 2005 година: "Состојбата на пазарот за работа ќе се подобри во 2004 во однос на минатата. Вистинската промена на трендот ќе се случи во 2005-тата. Полека се смирува со години одржуваното намалување на работните места. Во втората половина на оваа година бројот вработени повторно ќе се зголеми". Бројот невработени според Клемент најнапред, како резултат на реформите на владата ќе се намали, подеднакво како и сезонската работа, но поради конјунктурниот полет од летото ситуацијата побргу и појасно ќе се подобри. Во просек, вели Клемент, владата смета на околу 100 илјади невработени помалку во споредба со минатата. Сметаме на годишен просек од околу 4 милиони и 280 илјади. Се надевам, вели министерот, дека доцна летото конечно ќе паднеме под границата од 4 милиони кога станува збор за бројот невработени. Во принцип министерот е претпазлив и има причина да нагази на сопирачката за еуфорија. Фактор на ризик останува силното евро, иако експертите се изненадени од начинот на кој германските фирми излегуваат на крај со тоа.