1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воздржан оптимизам во атомскиот спор со Иран

Претставници на Иран во Женева ги обновија преговорите за атомската програма со петте вето сили на ОН и Германија. Крајната цел на Техеран е укинување на санкциите.

Во Женева започнаа преговори за приближување на ставовите меѓу Иран и западните земји по прашањето за атомската програма на земјата. Претставници на петте земји со право на вето во ОН (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција) и Германија денеска (15.10) се сретнаа со нивните ирански колеги. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Сариф предложи тристепен временски план за надминување на кризата.

Средбата се одржа под раководство на Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон. Нејзиниот портпарол Михаел Ман изјави дека иранската страна при едночасовната презентација навела три чекори, преку кои повеќегодишниот спор би можел да се надмине во рок од една година. За содржината во презентацијата со наслов „Надминување на непотребната криза и отворање на нов хоризонт“ Ман не се произнесе, исто така и други учесници не изнесоа податоци.

Irans Präsident Hassan Rohani UNO Atomgespräche UN

Претседателот на Иран Хасан Рохани

Од агол на ЕУ сега бил „Иран на потег“, пренесе Ман. По изборот на Хасан Рохани за ирански претседател Техеран „испраќаше сигнали дека сака да се ангажира во преговорите, и дека сакаат да бидат потранспарентни“.

Портпаролот на Кетрин Ештон пренесе дека во ЕУ владее воздржан оптимизам и голема одлучност бидејќи се смета дека е дојдено времето за да се постигнат резултати. Тој наведе дека и атмосеферата при разговорите под раководство на Сариф била многу поинаква отколку порано. Според податоци на претставниците од САД еден знак за отворањето на Техеран било и тоа што преговорите за првпат се одржале на англиски јазик.

Од иранските преговарачки кругови се вели дека Техеран се стреми кон постигнување на спогодба во рок од една година, при што првата етапа би требало да биде реализирана во рок од еден до два месеца. Откако Сариф го претстави планот преговорите треба да ги води неговиот заменик Абас Арагши.

Иран трпи големи штети од санкциите воведени на ОН, ЕУ и САД и бара нивно укинување. Еден висок по ранг американски претставник во Женева истакна дека олабавување на санкциите би морало да се спроведува „целно“, „пропорционално“ на она што ќе го понуди Техеран. „Ние сме подготвени да се придвижиме, но зависи од тоа што ќе понудат“.

Поранешниот ирански преседател Махмуд Ахмадинеџад откако ја презема власта во 2005 година ја обнови програмата за обогатување ураниум. Западот се сомнева дека атомската програма на Иран е исклучиво наменета за цивилни цели. Новиот претстедател Рохани сега изразува воља за постигнување спогодба во атомскиот спор.