1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Воздишки на олеснување во Келн

Прoчуената катедрала во германскиот град останува на листата на регуларното светско културно наследство. УНЕСКО на својот конгрес во литванскиот главен град Вилнус, одлучи да ја избрише готската катедрала од т.н црвена листа на загрозени споменици на културата.

default

Воздишки на олеснување во Келн. Заштитниот знак на градот е рехабилитиран. Комисијата за светско културно наследство на УНЕСКО ја избриша келнската катедрала позната како Дом од црвената листа на загрозени споменици на културата . Воздишки на олеснување и на местото на состанокот во главниот град на Литванија Виљнус , и тоа од страна на делегацијата Келн и пред се од Барбара Шок Вернер .

„ Најнакрај се надевавме на тоа , но во часовите претходно сепак имавме стравувања , бидејчу комисијата во други случаи претпладен секогаш донесуваше остри прессуди и токму затоа сме уште посреќни и уште порадосни , дека успеа и дека ова несреќно време за гардот Келн и за катедралата е сега е зад нас“

Пред две години УНЕСКО оцени дека келнскиот Дом и неговата доминанта положба во гратската слика е загрозена , поради тоа што на спротивната десна страна од реката Рајна беше планирана градба на неколку висококатници.

Освен една веќе завршена зграда со канцеларии , плановите натаму не бе спроведувани . Наместо тоа градот со големи трошоци , направи нови планови и тоа сега беше наградено од страна на Комисијата на УНЕСКО со бришење од црвената листа на загрозени културни наследства:

„Келн предложи три различни нацрти за урбанистичко планирање на десната страна на Рајна и сите три беа во согласност со правилата на Конвенцијата за светско културно наследство , и поради тоа се поаѓаше од фактот дека сега може да се изгради доверба кон Келн и може да се каже О.К , сега најнапред ќе бидете симнати од црвената листа и дека она за што натаму ќе треба да се одлучува, ќе го одлучувате вие , така што ние од Комисијата за светското културно наследство би можеле да се согласиме со тоа“

За титулата светско културно наследство за Келн не се поврзани никакви финансиски сретства , нио сепак таа вреди пари. Бидејќи Азијците кои обожуваат да патуваат своите европски турнеји најрадо ги планираат спрема локациите на светските културни наследства.