1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воздишка пред долгиот пат за излез од должничката криза

САД и Европската унија постојано се критикуваат и си ја префрлаат вината за должничката криза. Последниот кризен самит во Брисел сепак предизивика позитивно ехо.

default

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави заклучоците на самитот на ЕУ во Брисел. „Стабилизација на состојбата“ не е во интерес само на Европа, туку и во „интерес на целиот свет“, изјави Обама во Вашингтон. Со заклучоците донесени на вонредниот самит на ЕУ се поставени темелите за надминување на кризата во еврозоната. Ако во Европа не би постоел развој, тоа ќе има влијание и врз нашето

USA Obama Tschechien Necas

Американскиот претседател Барак Обама и чешкиот премиер Петр Нечас

стопанисување, изјави американскиот претседател. Европа е најголемиот трговски партнер на САД, дури и отворањето и задржувањето на постојните работни места во САД зависи од степенот на развојот во Европа, смета Обама.

Обама се очекува идната недела да присуствува на самитот на водечките индустриски и земји во засилен економски развој, т.н. Г20 во францускиот град Кан.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во синоќешното обраќање до нацијата преку телевизијата порача дека заклучокот за отпис на грчките долгови отвора нови перспективи и вети натамошни напори во справувањето со должничката криза.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос истакна дека сега планината долгови е веќе совладлива.

Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел синоќа предупреди дека по најновиот самит на ЕУ кризата на еврото не е симната од дневен ред. Поставени се смерниците за идните чекори, но пред нас е уште долг пат, истакна Меркел. Според неа, во фокусот сега треба да се најде потесната соработка во економската и финансиската политика. Порано недоволно строго се постапуваше со „еврогрешниците“, изјави Меркел, алудирајќи на Италија.

Олеснување на берзите

На заклучоците на самитот во Брисел инаку позитивно реагираа светските берзи. Еуфоријата на пазарите го зафати и Вол стрит. Берзата е осоколена и поради фактот што американското стопанство бележи зголемен раст веќе трет квартал по ред. Слабите резултати и податоци од пазарот на трудот и на недвижнини не го пореметуваат тоа. Индексот Дау Џонс забележа плус од три проценти.

Позитивни се реакциите и на азиските берзи, берзата во Токио забележа раст од еден процент. Според проценките од берзата во Франкфурт, и индексот Дакс денеска ќе продолжи со нагорен тренд. Синоќа, како последица на олеснувањето по заклучоците на самитот на ЕУ во Брисел, индексот Дакс на затворањето на берзата бележеше плус од 5,5 проценти.

На кризниот самит на ЕУ во Брисел шефовите на држави и влади од еврозоната донесоа одлука за отпишување на околу сто милијарди од грчките долгови. Освен тоа, евро-земјите до 2014 година ќе и‘ позајмат на Атина уште сто милијарди евра. Финансиската моќ на Европскиот фонд за спас на еврото преку механизми треба да биде зголемена на еден билион евра, а банките треба да бидат рекапитализирани.

Автор: ЖА/ АТ/ дпа/ афп

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM