1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Возбудлив старт на Бундеслигата

Многу голови, изненадувачки резултати, фудбалско срце. Што повеќе да се посака? Првото коло на 47 сезона на Бундеслигата беше навистина забавно. Најголемо изненадување приреди Ајнтрахт совладувајќи го во гости Вердер.

default

Двојниот стрелец за Ајнтрахт Франкфурт, Аманатидис ( десно)

Tрите новопечени прволигаши, Нирнберг, Мајнц и Фрајбург се погрижија за возбудувања. На пример Фрајбург го доведе големиот фаворит Хамбургер на работ на пораз. Вчерашниот меч, меѓутоа, на крајот заврши 1:1. Еден освоен бод?

„Не, загубивме два бода. Ние бевме несомнено подобра екипа против Хамбургер. Ако губиш по две минути игра и потоа се вратиш во онаков стил, тоа заслужува само почит.

Bundesliga Freiburg gegen Hamburg

Од натпреварот Фрајбург- Хамбург

Ние ја контролиравме играта, имавме неверојатно многу шанси, и затоа тоа се два загубени бода. Но, овој меч ќе ја зголеми нашата самодоверба. Денеска прикажавме многу добра игра“, смета капитенот на Фрајбург, Хајко Бучер.

Магат незадоволен и покрај победата

Екипата на Мајнц, исто така на домашен терен, успеа да извлече реми против фаворитот Бајер Леверкузен, иако во овој случај фаворитот доминираше во играта. Фудбалерите на Мајнц успеаја да стигнат до 2:2 и еден бод со голема борбеност:

„Нам ни‘ е јасно дека не можеме цела сезона да играме вака. Но, вакво срце и страст моите фудбалери со сигурност ќе покажат и во наредните кола“, изјави новиот тренер на Мајнц, Томас Тухел.

Нирнберг, од друга страна, загуби, но тесно - 1:2 против екипата на Шалке 04. Двојниот стрелец на голот за Шалке, Кевин Курањи, беше задоволен од исходот од средбата, но и од својот удел во неа:

Bundesliga 1. FC Nürnberg - FC Schalke 04 1:2

Напаѓачот Кевин Курањи постигна два гола за Шалке во победата против Нирнберг

„На фази игравме добро и ги искористивме шансите. На крајот извршивме притисок врз Нирнберг и фала му на бога, натпреварот заврши.“

Но, за разлика од Курањи и другите играчи, далеку од задоволен беше новиот тренер на Шалке, Феликс Магат, кој минатата сезона ја освои шампионската титула со Волфсбург. Тој беше особено лут на лошо одиграниот противнапад пред крајот на натпреварот:

„Кога со тројца играчи напаѓаме кон голот на Нирнберг и потоа Луис Холтби немотивирано шутира од средината на теренот, за тоа немам разбирање“, порача Магат.

Ајнтрахт извонреден со новиот тренер Скибе

Апсолутен рингишпил од чувства беше натпреварот меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах. Гостите од Менхенгладбах на полувремето водеа со 3:0, а од играчите на Бохум дотогаш немаше ни трага:

„Потоа за среќа дојде полувремето. Во вториот дел игравме со многу ангажман во нападот. Изработивме многу шанси и имавме уште две, три, четири можности да

Bundesliga Bochum gegen Moenchengladbach

Играчите на Бохум го слават изедначувачкиот гол против Борусија Менхенгладбах

постигнеме гол и да го решиме натпреварот“, изјави по мечот тренерот на Бохум, Марсел Колер. Неговите играчи од 0:3 стигнаа до нерешен резултат 3:3. И покрај подарената победа, тренерот на Борусија, Михаел Фронтцек не беше незадоволен:

„Се разбира, многу се радував за првото полувреме, зашто многу доминиравме. Штета е нормално што не можевме на крајот да стигнеме и до победа. Но, сметам дека тоа не беше од небрежност, туку поради тоа што и играчите на Бохум заслужуваат голем комплимент.“

Комплименти заслужува и Ајнтрахт. Екипата од Франкфурт на гостински терен го совлада освојувачот на купот Вердер Бремен со 3:2. Новиот тренер на Ајнтрахт Михаел Скибе беше задоволен од неговите играчи, меѓу кои беше и македонскиот интернационалец, Александар Васовски:

Bundesliga TSG 1899 Hoffenheim - FC Bayern München

Жесток старт на Ван Бомел(Баерн) врз Салиховиќ ( Хофенхајм)

„Денеска игравме добар фудбал, што со задоволство сакаме да го правиме, и особено во првото полувреме прикажавме добра игра со комбинации и контранапади.“

Бајерн не блесна против Хофенхајм

Во добра форма се прикажаа и фудбалерите на Борусија од Дортмунд, победувајќи го Келн со 1:0.

„Верувам дека секој што беше тука виде дека мојата екипа од првата секунда гореше на теренот. На крајот заслужено победивме“, изјави по мечот тренерот на Борусија Јирген Клоп.

Херта од Берлин, пак, славеше минимална победа без сјај против Хановер. Се’ уште не тече се’ најдобро кај рекордерот по титули во Бундеслигата, Бајерн од Минхен. Баварците мораа да се задоволат со 1:1 на гостувањето кај Хофенхајм. Новиот тренер, Холанѓанецот Луис ван Гал, очекуваше повеќе од својата екипа: „Имав чувство дека моравме да го добиеме натпреварот, зашто имав впечаток дека играчите на Хофенхајм во последните 20 минути беа на крајот од силите“.

Почеток по мера на шампионот

Инаку, на резултат 0:0, судијата не виде чист гол во мрежата на Бајерн, откако по шутот со глава на Јосип Шимуниќ, голманот на Баварците, Михаел Рензинг ја исфрли топката од зад гол линијата. Овој момент

Bundesliga-Auftakt VfL Wolfsburg VfB Stuttgart

Графит (Волфсбург) -десно, во акцијата од која произлезе вториот гол против Штутгарт

повторно ја врати на ред расправата за поставување мини-камера на гол линијата за да се одбегнат вакви грешки: „Се‘ додека не можеме да донесеме одлука за техничка помош во вакви случаи не само на ниво на Германија, туку и глобално, зашто тоа впрочем е одлука на ФИФА, се` дотогаш ќе мораме да живееме со вакви нешта.“

И за крај на прегледот на првото коло од новата сезона во Бундеслигата, за шампионскиот старт на шампионот Волфсбург. Во петокот „Волците“ славеа со 2:0 против Штутгарт. Со головите на Звездан Мисимовиќ и на најдобриот стрелец во минатата сезона, Бразилецот Графит.

„Сметам дека во првото полувреме играта беше многу отворена, многу интензивна. Двете екипи имаа шанси. Меѓутоа, во второто полувреме ние бевме подобри од самиот почеток и потоа доминиравме во играта и можевме тоа да го крунисаме со голови“, изјави по мечот тренерот на Волфсбург, Армин Фе.

Автор: Бенјамин Вист, Андреас Цимонс / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска