1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Возбудлив спортски викенд

„Тур Де Франс„ и годинава обележан со допинг скандал. Германските кошаркари пред тежок испит. Успешен старт на Јирген Клинсман на клупата на Баерн Минхен

default

Допинг скандалите и годинава се закануваат да фрлат сенка на велосипедската трка околу Франција. По првиот регистриран случај на допинг кај веќе суспендираниот шпанец Мануел Белтран, кој беше позитивен на тестот за супстанцата ЕПО, се зборува и за нови случаи. Гласините одат дотаму, дека дури и италијанецот Рикардо Рико, победникот на последната девета етапа, бил допингуван. Велосипедистите на германскиот тим Геролштајнер, Себастијан Ланг и Ролф Алдаг, во врска со гласините изјавија:

„ Не можев да забележам, колку бргу тој ме помина. Едноставно дојде и го снема. Го видов само на две секунди, незнам", изјави Ланг за моментот кога на последната етапа беше поминат од Рико.

„ Да се рашират гласините е многу лесно, посебно кога ќе се претрпи тешок пораз, за тоа треба да се реагира. Мислам дека случајот Белтран покажа дека стравувањата не се неоправдани, Сметам дека треба да има консеквенци за секого, без разлика дали станува збор за Рико, или некој друг“, смета Алдаг.

Рикардо Рико убедливо ја освои првата делница на Пиринеите од Тулуз до Бањере Д Бигор и по втор пат годинава се искачи на највисокиот пиедестал. Второто место му припадна на русинот Владимир Ефимкин, кој заостана една минута и 4 секунди. Трет беше домашниот натпреварувач Сирил Десел, кој беше најбрз во групата од четириесетина велосипедисти. Луксембуржанецот Ким Кирхен, не беше меѓу првите тројца, но успеа да ја задржи жолтата маичка. Во генералниот пласман тој е во водство со шест секунди предност пред Кејдел Еванс од Австралија. Трет е Кристијан Вандевелде, кој заостанува 44 секунди. Денеска на програмата е десетата етапа од По до Хотакам во должина од 156 километри.

Кошаркарите пред тежок испит

Нешто помалку од еден месец пред стартот на ЛОИ во Пекинг, германските спортисти на големо се подготвуваат. Сите се надеваат на успех, секако и националниот кошаркарски тим, кој допрва треба да се бори за место на големото натпреварување. Германците неделава во Атина ги очекува тежок квалификациски турнир. Во шест денови треба да одиграат пет натпревари.

BdT USA Deutschland Dirk Nowitzki ist Wertvollster Spieler der NBA

Дирк Новицки

На помош го имаат двоецот од НБА, ѕвездата Дирк Новицки и неговиот колега од американската професионална кошарка, Крис Каман, кој од неодамна е германски државјанин.

„ Мислам дека е единствено чувството да се дефилира на церемонијата на отворање на игрите, или да престојуваш во олимпиското село, каде можеш да запознаеш други колеги атлетичари“, изјави Дирк Новицки, кој треба да биде клучот на германскиот национален тим за пласман на Олимпијадата. Тој е во одлична форма. Во последните четири тест натпревари тој постигна 100 поени. За неговиот репрезентативен колега, Крис Каман, Новицки вели:

„ Тој остава супер впечаток. Има одличен карактер и не е егоистичен. Мислам дека тој ќе победи заедно со тимот. Тоа е најважно“, вели Новицки. Сепак индивидуалната класа на двајцата НБА играчи сама по себе нема да биде доволна. На подготовките до израз дојде играта на младите играчи од Бундеслигата, како Конрад Висоцки и Тим Олбрехт. Со нив германската репрезентација е уште посилна:

„ Се разбира дека за мене е лесно да поентирам на теренот, кога сите се фокусирани на Дирк Новицки“, вели Олбрехт.

Германците ги собраа медалите на ЕП во одбојка на плажа

Одлични пред олимписки резултати и за германските одбојкари на плажа. Каи Матусик и Штефан Уман го освоија сребрениот медал на ЕП во Хамбург. Во финалето тие беа поразени со 2:0 од холандската двојка, Арт Нумердорф и Рикард Шули. Ден претходно германскиот женски тим, Сара Голер и Лаура Лудвиг, ја освои титулата. Јулиус Бринк и Кристоф Дикман мораа да го предадат натпреварот за третото место, поради повреда на Дикман. Сепак тоа не значи дека е загрозен и нивниот настап на ЛОИ:

„ Мислам дека таму можеме да го победиме секого. Во секој случај, мислам дека сме добри за изненадување“, изјави Дикман.

Успешно деби на Јирген Клинсман

Jürgen Klinsmann Training FC Bayern München Bundesliga

Тренинг на ФК Баерн

Од минатата недела во тек се и подготовките на фудбалерите за претстојното првенство во Бундеслигата. Новиот тренер на актуелниот шампион, Баерн Минхен, Јирген Клинсман, стартуваше со успех. Првиот тест натпревар на клупата на баварците, за Клинсман помина успешно. Без играчите кои учествуваа на ЕП, баварците го декласираа аматерскиот тим на Липштат 08, од шестата лига, со 7:1

„ Кога човек треба да започне во тим како Баерн, соочен е со клуб со повеќе од 100 години традиција и одлични поединци. Затоа сум горд што можам да бидам дел од работата на тимот“, изјави Јирген Клинсман.