Возбуди во Бундес лигата | Теми | DW | 20.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Возбуди во Бундес лигата

Повозбудлива првата германска фудбалска лига не била со години . Оваа сезона во Бундеслигата имено е извесна само неизвесноста . По 13-то коло , има нов лидер на табелата. 7-ми по ред сезоната , што за е првпат во нејзината историја

Од натпреварот Мајнц Хамбург

Од натпреварот Мајнц Хамбург

Еден од најголемите губитници на 13-то коло на Бундеслигата е Борусија од Менхенгладбах . Тимот на кој му е својствено пред се да игра слабо јна гостувањето , во моментов е слаб во секој поглед . Ништо поразлично не беше и во вчерашниот пораз на домашен терен против Хановер со 0 спрема 1. Сега тренерот Јуп Хајнкес се наоѓа по голем притисок , бидејќи по победата на Бохум над Ајнтрахт од Франкфурт од 4:3 , Бурисија од Менхенгладбах ја дели само 1 бод од опасната зона за испаѓање од лигата.

“Гледам во држењето на играчите , дека тие повеќе немаат самодоверба. Сигурност во играта недостасува и во нападот и се гледа дека тоа не е екипа што функционира . Не играме добар фудбал , веќе со недели и затоа се наоѓаме во многу тешка ситуација , за што и јас преземам одговорност” – истакна тренерот на Борусија Јуп Хајнкес.

Хановер пак со победата во Менхенгладбах ја напушти опасната зона . Тренерот Дитер Хекинг е задоволен поради тоа:

“Мојата екипа , го одигра она што не прави силни во моментов. Бевме компактни , дозволивме малку шански за гол , трпеливо чекавме на нашите шанси и потоа и ги искористивме .”

зад Хановер на последните три места на табелата се наоѓаат Бохум , Хамбург и Мајнц . Во дуелот од дното нa табелата Мајнц , каде што игра македонскиот репрезентативец Николче Новевски и Демонтираниот Хамбург играа нерешено 0:0.

Како што веќе спомнавме , Бохум успеа да го совлада Ајнтрахт може да се каже благодарејќи на исклучувањето на македонсикиот репрезентативец во редовите на тимот од Франкфурт , Александар Васовски . По брзото водство од 2:0 , со играч помалку Франкфурт на крајот загуби со 4:3 . Инаку ова е 3-то исклучување на Васовски во досегашниот тек на Бундеслигата.

И покрај високото место на табелата да не се испушта од видот опасната зона за испаѓање така гласи мотото во Артминија Билефелд . По нерешените исход без голови против Волфсбург на домашен терен , Арминија во моментов се наоѓа на шестото место на табелата . Тренерот Томас ван Хесен и покрај тоа предупредува:

“Сеуште сме будни кога станува збор за табелата . Осум поени не делат од опасната зона и мора и натаму ора до зимската пауза”

Впрочем оваа сезона на Бундеслигата покажува дека никој не може да се смири и покрај успесите . Единствено постојано во Лигата е непостојаноста –и тоа како на врвот така и на дното од табелата .Така Шалке 04 по победата од 4:2 против Енерги Котбус каде што во одбраната игра македонскиот репрезентативец Александар Митревски , по 13 коло од Бундеслигата е веќе седмиот лидер на табелата , што впрочем досега не се случило во историјата . Тренерот на Шалке Мирко Сломка смета дека тоа е добро:

“ Се радуваме исто како и екипата , дека во овој момент можеме да почуствуваме как е да се биде сосема на врвот , но оваа сезона имаше многу лидери на табелата . Овојпат сме тоа ние”

На второт место со два бода помалку од Шалке е Вердер од Бремен , кој во Ахен против Алеманија играше само 2 спрема 2.

Лидерот на табелата по минатото 12-то коло на Бундеслигата Штудгарт сега се наоѓа на третото место по поразот во Минхен од вечниот фаворит Баерн кој пополека се враќа во шампиионска форма . По победата од 2:1 во Алијанц Арената во Минхен , баварците сега се наоѓаат на четвртото место на табелата .

“ И јасно е дека , ние сакаме дека стигнеме до првото место на табелата уште пред зимската пауза . Зошто не би си ја поставиле оваа цел” – ги истакна намерите на Баерн голманот , Оливер Кан

Играчот од обраната , белгискиот репрезентативец Даниел ван Бојтен се надева пак дека сега баварците ќе влезат во победничка серија:

“ Лошо ја започнавме сезоната , но сепак добро реагиравме и и така треба да играме и натаму. Остваривме две добри победи во последните две кола и се надевам дека почуваме со таква серија”

Во останатите натпревари од 13-то коло на Бундеслигата , екипата на Херта од Берлин славеше на гостувањето во Дортмунд против Борусија со 2:1. Берлинците во моментов се наоѓаат на 5-то место на табелата . Нирнберг пак го запре надолниот тренд . По десет натпревари без попеда , екипата славеше на домашен терен против Баер од Леверкузен со 3:2.

Во спорторамата го беежиме и успехот на германската одбојкарска репрезентација на Светското првенство во Јапонија.

Имено одбојкарите ја прославија третата победа по ред на шампионатото и предвреме се пласираа во натамошните натпреварувања. Само еден ден по изненадувачката победа над Куба , тие вчера убедливо со 3:0 ја совлада екипата на Грција која го освои петото место на Олимписките игри во 2004-та .

Тренерот на репрезентацијата Стелијан Мокулеску и при фалбите за својата репрезентација и натаму гледа потенцијал за подобрување на играта:

“Мислам дека денеска не игравме лошо , и веројатно игравме и тактички подобро отколку во претходниот натпревар . Но денеска истотака не искориствивме и многу лесни топки инаку сметам дека ќе победевме и со поголема разлика”

Германија инаку во моментов се наоѓа на 1-то место на табелата во групата Б пред Франција , со која ќе го одигра последниот натпревар во групата :

“Тоа е за нас натпревар . тоа е за нас како да кажам Божиќ. Тоа е подарок . Притоа немаме од што да се плашиме. И едноставно за првпат можеме да играме опуштено”- изјави тренерот Мокулеску.