1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Возачка дозвола со 16 години носи предност

Бројот на сообраќајни несреќи во Мaкедонија бележи згoлемување. Една од причините е непочитувањето на сообраќајните правила, пoдвлекува во интервју за Дојче веле министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

default

Министерката за внатрешни рааботи Гордана Јанкуловска

Во однос на сообраќајните несреќи во Македонија статистиката покажува негативен тренд. За споредба, во првото полугодие во 2010 година се случиле 1.859, а годинава се 19.73 сообраќајни незгоди со загинати и со повредени лица. Тоа е пораст за 6,1%. Зголемена е бројката на настрадани и повредени лица. Деталното разгледување на статистиките води до заклучокот, дека бројот на загинати во сообраќајни несреќи годишно во Македонија е за дури трипати поголем од загинатите во најтешките кривични дела како што се убиства, потенцира за Дојче веле, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Факторот човек најголем причинител на сообраќајките

Фрапантно и загрижувачки е потенцира Јанкуловска, што најголем дел од сообраќајните несреќи во Македонија се случиле поради факторот човек, а нив ги предизвикале возачите на возилата. Тоа се должи меѓу другото на недоволната сообраќајна култура на учесници во сообраќајот и непочитување на сообраќајните прописи. Причина за сообраќајките во помал обем била и техничката неисправност на возилото како и условите на патиштата во Македонија.

МВР ги засилува превентивните мерки

На  планот на сузбивањето на сообраќајната деликвенција, во секојдневната контрола и регулирање на сообраќајот при повеќе селективни акциски контроли, сообраќајните екипи на  МВР во првото полугодие годинава презеле соодветни мерки или казни.

Unfall Autobahn Deutschland Winter

Човечкиот фактор најголем причинител на сообраќајни незгоди

Министерката Јанкуловска потенцира „паралелно со репресивните казнени мерки, МВР своите активности континуирано и засилено ги насочува и кон превентивните мерки. Во прв ред тоа се едукативни кампањи наменети за   сите старосни групи на учесниците во сообраќајот. Кампањите се посебно важни за да се зголеми свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, а како крајна цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и бројот на жртви. Во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР континуирано презема едукативни кампањи, во кои првенствено се вклучени најмалите учесници во сообраќајот - децата преку едукативни предавања и квиз натпревари за познавање на сообраќајните правила и прописи“.

МВР во рамките на превентивните мерки одамна има покренато иницијатива за спроведување на проект за видео надзор на сообраќајниците во поголемите македонски градови. Според министерката Јанкуловска, поради економската криза отстапиле од првично зацртаната динамика на негова реализација. Но, очекува дека наскоро сепак ќе стартува овој мошне значаен проект. „Самиот факт што возачите ќе бидат свесни дека постои видео надзор на сообраќајниците, односно автоматизам на казнување, ќе делува превентивно. Тоа ќе значи да се подигне нивната претпазливост како учесници во сообраќајот, за почитување на сообраќајните правила и прописи и намалување на сообраќајните незгоди“, смета министерката Гордана Јанкуловска.

МВР бара измени  во Законот за полагање возачки испит на 16 наместо како досега на 18 години

Министерката Јанкуловска  информира за една нова иницијатва на МВР во делот на измени на Законот за полагање на возачки испит, границата од 18 да се намали на 16 години. Тоа е во согласност со потребите кои ги налага новото време, а што одамна е воведено во САД и многу европски па и соседни земји.

Führerschein mit 17 Siebzehn Begleitung

Возачка дозвола на 16 години?!

„МВР бара да им се даде можност на децата односно младите на возраст од 16 до 18 години, со зголемен број на часови и обука и порано да се стекнат со право на управување со моторно возило, односно да добијат сообраќајна дозвола. Нашите сообраќајни  контроли покажуваат дека младите во Македонија од 16 до 18 години фактички управуваат со возилата, а поради недоволното искуство и младешкиот темперамент се и најранливата категорија на возачи. Затоа ние предлагаме  тие навреме да се обучат и добијат дозвола. Како крајна и највисока  цел, ни е да ги заштитиме нивните и животите на останатите учесници  во сообраќајот“, нагласува за Дојче веле, министерката Јанкуловска.

Крајна цел на МВР е намалување на бројот на жртвите посебно на децата

„Нашата крајна и највисока цел на МВР е пред се’ да се намали бројот на жртвите во сообраќајните несреќи, да се подобри безбедноста на патиштата и да имаме помалку  сообраќајни несреќи со жртви и повредени лица. На среден рок, нашата цел е да се преполови бројот на жртвите, бидејќи знаеме дека не е лесно да нема жртви и наша цел е да имаме нула жртви - деца во сообраќајот. А понатаму долгорочната цел е ако е возможно да стигнеме до бројката нула, но мораме да бидеме реалисти дека со се’ повисок степен на моторизација во земјата, неминовно е и неизбежно е да има понекогаш и сообраќајки. Но, ние како МВР со сите сили, со репресивни и пред се’ превентивни мерки, ќе настојуваме  бројот на сообраќајни несреќи со жртви во Македонија да го сведеме на најмал  можен минимум“, нагласува во интервјуто за Дојче веле, министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Александра Трајковска