1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воен преврат во Мали

Во северноафриканската држава Мали, одметнати припадници на војската прогласија преземање на власта во земјата и воведување на вонредна состојба.

Учесниците во воениот преврат во Мали преку државната телевизија објавија дека го собориле од власт претседателот Амаду Тумани Туре. Одметнатите припадници на војската ја презеле власта и планираат, како што самите велат, да воведат демократија во земјата.

По воениот пуч раководењето со земјата го презел нововостановениот Комитет за повторно воспоставување на демократијата и државноста, изјави портпаролот на пучистите Амаду Конаре.

„Националниот совет за обнова на демократијата и државноста одлучи да преземе одговорност и и да стави крај на некомпетентниот режим на Амаду Тумани Туре", изјави Конаре.

Тој го обвини досегашниот претседател дека не успеал да му стави крај на востанието на племето Туарег на северот на земјата, каде, покрај тоа, дејствуваат исламистички групи.

Десетици војници огорчени поради недостатокот од средства за борба против побунетите Туарези и другите вооружени групи на северот од земјата демонстрираа претходно со пукање во воздух во Бамако и го зазедоа седиштето на државната телевизија.

Одметнатите војници потоа во текот на ноќта ја нападнаа претседателската палата во главниот град на Мали, Бамако.