1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воените бази на САД- центри на шпионажата на НСА?!

Повеќе од 20 години по крајот на Студената војна, САД се‘ уште имаат неколку воени бази во Германија. Експертите сметаат дека тие би можеле да играат клучна улога во активностите на НСА.

„Германското право важи на германско тло и секој кој работи на него ќе треба да го почитува“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред летните одмори. Нејзиниот коментар беше во врска со американските разузнувачки активности во Германија. Откако Меркел замина на одмор, британскиот весник Гардијан објави нови сознанија за софтверот на НСА „XKeyscore“. Податоците укажуваат дека американската служба своите сознанија ги добивала и преку германски сервери, а не само преку оние сместени на американска територија.

Сега се засилија шпекулациите дека НСА и другите американски служби добиваат пристап до германските сервери преку своите воени бази во земјата. Повеќе од 50 илјади американски војници се уште се на служба во Германија. Низ светот ги има стотици илјади.

Пристап преку базите

Компјутерскиот експерт Сандро Гојкен од Слободниот универзитет во Берлин

Deutschland Internet Sandro Gaycken

Сандро Гајкен

вели дека е многу веројатно оти САД ги користат своите воени бази за да добијат пристап до каблите. „Во секој случај, помага доколку сте и физички во близина на изворите на податоци кои сакате да ги користите“, вели тој за ДВ.

Но дали американските служби можат да добијат пристап без дозвола и знаење од германските колеги? Гојкен вели дека е тоа можно, но малку веројатно. „Пристапот до серверите во сојузничките држави се овозможува преку специјални договори“, вели тој.

Такви договори постојат. Во 1968 година, беше донесен законот Г10 кој им овозможува на германските служби да ги следат поштенските и телекомуникациските услуги. Законот содржи и административен договор кој одобрува прислушкување и набљудување на сојузничките трупи во Германија, заради нивна заштита.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле во петокот соопшти дека административниот дел од законот е суспендиран со заедничко одобрение на САД и Велика Британија. Но, соопштението не менува ништо затоа што, според експертите, договорот е ставен вон сила уште во 1990 година. Оттука се отвора прашањето за легалноста на прислушкувањето на НСА во Германија.

БНД зависно од НСА

Јасно е дека американските служби можат непречено да оперираат преку своите воени бази во Германија. Германското министерство за одбрана објави листа на фирми кои соработувале со американските воени сили во земјата. На листата се наоѓаат имињата на 207 фирми кои добиле поволности поради понуда на „аналитички услуги“.

Erich Schmidt-Eenboom

Ерих Шмит Ејнбом

Овие услуги вклучуваат технички и воени услуги. На пример, и фирмата за која работел Едвард Сноуден „Буз Ален Хамилтон“, добила дозвола за „разузнувачки активности“ во Германија.

Дел од овие фирми кои добиле дозволи веројатно работат за НСА во комплексот Дагер во близина на Дармштад. Повеќе од илјада разузнувачки агенти работат во овој подземен комплекс.

„Германија може да бара од САД да ја затворат оваа база, доколку се дојде до заклучок дека Американците ги кршат човековите права на Германците“, вели безбедносниот експерт Ерих Шмит- Ејнбом.

„Но, тоа ќе значи конфронтација и меѓу различните агенции. А тоа е нешто што, релативно малата германска разнузнувачка служба БНД, не може да си го дозволи“, заклучува тој.