1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воениот совет го скрати изборниот процес во Египет

Под притисок на постојаните барања за забрзано предавање на власта на цивилна влада, египетската армија го скрати повеќемесечниот изборен процес.

default

Владејачкиот Воен совет во Египет издаде декрет со кој треба да се забрза изборниот процес во земјата. Според декретот, изборите за горниот дом на парламентот - Шура, ќе се одржат во две наместо во три фази и ќе завршат на 22 февруари наместо на 12 март. Покрај тоа, Шурата ќе може да ја одржи конститутивната седница речиси еден месец порано, односно на 28 февруари. Двата дома на парламентот би можеле со тоа значително порано од

Ägypten Kairo Muslimbrüder Parlament Wahlen

Резултатите од досегашното гласање укажуваат на убедлива победа на Муслиманското братство

планираното да започнат со работата на составување на новиот устав. Колкаво ќе биде вистинското влијание на пратениците во тој процес засега е нејасно. Наредната недела пак, ќе започне третата завршна рунда од гласањето на изборите за долниот дом на парламентот. Резултатите од досегашното гласање укажуваат на убедлива победа на исламистичката партија - Муслиманско братство.

Инаку, се очекува дека побрзото завршување на повеќестепениот изборен процес во Египет би можел да влијае смирувачки врз протестите во земјата против Воениот совет. 59 лица досега загинаа во судирите на крајот на ноември и во декември меѓу безбедносните сили и демонстрантите кои бараат војската итно да ја предаде власта на цивилна влада.

Автор:СН/ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Жана Ацеска