1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Воениот конфликт на Кавказот се заострува

Воените дејствија продолжуваат. Грузија прогласи едностарано примирје, но Москва се сомнева и му префрлува на Тбилиси дека не се придржува до едностраниот прекин на огнот. Паралелно се случува и хуманитарна катастрофа.

default

Борбите продолжуваат

На еднострано прогласеното примирје на Грузија во Јужна Осетија, Русија гледа со недоврба. Колку е тоа сериозно? се прашуваат во Москва. Имено претходно најавеното повлекување на грузиската армија од Јужан Осетија се спроведе само делумно, а на некои места тоа и не се случи. Руското министерство за надворешни работи информираше дека до доцна синоќа имало престрелки меѓу руската и грузиската армија во Јужна Осетија. Освен ова грузиски ракетен носач отворил оган врз руски воени бродови, по што бил потопен од страна на руската морнарица.

Политички сигнал?!

Во основа примирјето од страна на Грузија политички би бил важен сигнал, по кој според рускиот заменик министер за надворешни работи Григор Карасин треба да следат и натамошни чекори „Рускиот претседател јасно ги формулираше најзначајните услови: безусловно повлекување на грузиските трупи од Јужна Осетија. Писмено обврзување веќе да не се применува насилство. Нагласувам станува збор за писмен докумнет, на усните ветувања на грузиското раководство не може да им се верува. “

Вербални напади на сите страни, од Јужна Осетија, Грузија, Русија или Абхазија. Грузија и префрлува на Русија дека сака да ја уништи земјата и затоа бомбардира села и градови без обѕири кон цивилното население. Русија демантира со контра обвинување „Она што се случува во Цхинвали е исто што и геноцид врз народот во Јужна Осетија и за тоа е потребна внимателна анализа. Политички погледнато, агресијата на Грузија ги уништи напорите за мировно решавање на конфликтот.“ вели заменикот министер Карасин.


Воените дејствија повтроно ја разгореа омразата

На Кавказот се бројат илјадници мртви, стотици повредени и десетици илјади бегалци. Оние кои успеваат да стигант до руската граница раскажуваат страшни сцени „Три дена седевме во подрум, без вода, без струја, а бомбите паѓаа врз нас.“ „Страшно е. Пред се’ за децата. Што сториле тие? За што се тие криви? Ќерка ми се буди навечер, неможе да спие. Неможам да ја смирам повеќе.“

Крајот не е на повидок, а меѓународните организации со прво зборуваат дека се случува хумнитарна катастрофa.

Русија ги отфрла критиките на западот

А, тоа што западните држави сметаат дека Русија е одговорна за заострување на вооружениот конфликт, наидува на огорченост во Русија „Апсолутно сите треба да разберат, кој почна со пролевањето крв и кој се обиде да ја сопре трагедијата, за повторно да се овозможи нормален живот во Јужна Осетија.“ изјави Карасин. Според него западот со две лица се однесува кон Русија. За големата офанзива на Грузија се молчеше, кога Русија се обиде да ги заштити своите мировни војници и граѓаните на Јужна Осетија, е критикувана.