1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Воена парада во Париз по повод националниот празник

*

На воената парада по повод националниот празник на Франција денеска во Париз за првпат учествуваа војници од сите 27 земји членки на Европската унија. Со овој гест франциускиот претседател Никола Сркози испрати сигнал дека Франција се залага за заедничка Европа. Германските војници за првпат беа поканети во 1994 година во рамките на евро корпусот да учествуваат на парадата на Шанзелизе. Со парадата Франција денеска го одбележува јуришот врз парискиот затвор Бастиља од 14 јули 1789, што е почеток на Француската револуција.